На филмското платно досега царувале легендарни актерски имиња кои создале филмски ликови кои се паметат до ден денес. Ханибал Лектор, Џокерот, Вито Корлеоне, тоа се ликови кои речиси нема човек кој не ги знае. Ова се првите десет ликови:
10. Вито Корлеоне
Асоцијација за The Godfather е несомнено ликот на Марлон Брандо и веројатно на сите првата сцена која им доаѓа на памет е онаа во која ликот на Вито Корлеоне говори за тоа како ќе даде понуда која не може да се одбие.
Интересно, ликот на Вито не е ни примарен фокус во филмот, но се чини дека на сите им е омилен лик. Ова беше една од животните изведби на Брандо, макар што рака на срце тој имаше уште неколку такви.
9. Елен Рипли
Да бидете женска хероина пред две- три децении беше рамно на невозможна мисија. Но, Сигурни Вивер со својата улога во Alien, ги победи стереотипите и им го трасираше патот на дамите од Холивуд како што е Анџелина Џоли, на пример.
Ова беше најдобрата улога во кариерата на Вивер, а оние кои го погледнале Alien и останатите нејзини филмови, знаат зошто е тоа така.
8. Џек Спероу
Pirates Of The Caribbean е филм кој направи апсолутна ѕвезда од Деп помеѓу сите генерации, нешто што не го може секој актер. А веројатно да му кажеле некогаш дека филм на Дизни, ќе му овозможи толкава слава и богатство веројатно ни Џони не би поверувал.
За да го оформи ликот на капетанот Џек Спероу, Џони го употреби Кит Ричардс како инспирација. Но, не одело сè така глатко при создавањето на ликот, бидејќи кога продуцентите виделе што смислил Џони за ликот, барале да биде отпуштен затоа што ќе го уништи филмот. Излезе дека немале поим што зборуваат.
7. Џефри Лебовски
Џеф Бриџис во својата кариера имал поприлично голем број на добри улоги, но оваа во The Big Lebowski дефинитивно е најуникатното нешто изведено од него и веројатно ликот кој за многумина се наоѓа на врвот на листата омилени филмски ликови.
А како може да не го сакате His Dudeness, Duder, El Duderino? Човекот е цар и патем барем физички неверојатно наликува на Еди Ведер на овие години.
6. Индијана Џонс
Не можете да ја избегнете асоцијацијата Харисон Форд со ликот на Индијана Џонс, макар што човекот навистина одигра и други добри ликови во својата кариера.
Како и да е, Raiders Of The Lost Ark е филмот кој е виновен за тоа што одеднаш желбата за археологија кај многумина се зголеми.
Индијана Џонс е еден вид на идеален херој, делува како обичен човек, а може да се справи со неволја. Филмот е одличен спој на сценарио и продукција, но Форд е неговиот главен елемент.
5. Ханибал Лектор
Сер Ентони Хопкинс е легенда. Сериозно, нема да најдете актер чија изведба е толку почитувана како неговата. Нема да чуете лош збор за било која негова улога од било кого, зашто тој барем секогаш бил на ниво, едноставно филмовите не чинеле.
Но, создавањето на Ханибал Лектор во The Silence of the Lambs беше вистинска уметност. Хопкинс го креирал ликот на ладнокрвниот канибалист врз основа на животно и тоа не било кое, туку се инспирирал од крокодилите.
За обичниот човек тоа можеби звучи смешно, но видете ја неговата изведба и кажете дека методот не успеал.
4. Хан Соло
Харисон Форд е единствениот актер кој ќе го најдете два пати во топ десетте филмски ликови на Empire.
А интересно иако е одличен во улогата на Хан Соло во Star Wars, Форд ја мразел својата улога и му изгледала неверојатно глупава, па Џорџ Лукас долго време не знаел што ќе се прави со ликот на Соло, ако Форд се откаже.
Како и да е, Форд создаде извонреден лик, а не е мала работа да го засените Лук Скајвокер.
3. Џокерот
Џокерот, но не Џек Николсон, туку Хит Леџер во The Dark Knight. Желбата за анархија, хаос и уништување, го направија Џокерот еден од најстрашните филмски ликови кои се појавиле на екранот во последниве неколку години.
Според Empire, Николсон од Џокерот веројатно создаде попсихотичен лик отколку што тоа го направи Леџер, но има нешто во изведбата на Леџер што ви влегува под кожа. Впрочем, кој може да се сети во последниве неколку години еден негативец да бил толку обожуван, па дури и повеќе од главниот лик?
2. Дарт Вејдер
За овој лик заслуга имаат двајца актери. Дејвид Проус кој го одигра и Џејмс Ерл Џонс кој му го позајми гласот.
Во почетокот не ни било замислено да се повика Џонс за да го позајми гласот, но откако виделе дека гласот на Проус нема да заврши работа зашто не звучи доминантно продуцентите се решиле на промена.
Дарт Вејдер е еден до најпознатите негативци на сите времиња и фигура од која сè уште се плашат децата. Ако на повеќето ликови изразот на лицето им е потребен за да сеат страв, овде таа работа ја завршува маската на Вејдер.
1. Тајлер Дурден
Сакајте го, мразете го, мислете дека се вадел на изглед или дека е талентиран, постои еден факт – Бред Пит е генијален во изведбата во Fight Club.
Тајлер Дурден е идеално алтер его. Еден вид харизматична рок ѕвезда на модерното време, која жените ја посакуваат покрај себе, а мажите сакаат да бидат токму такви како него. На прв поглед, Тајлер не е фин човек, тој е подготвен да направи поприлично голем број на проблеми за да дојде до целта, но тој има визија за тоа како треба да изгледа светот и од ракавот може да ви извади цитати кои ќе ве извадат од кожа.
На филмското платно дефинитивно не се појавил покул лик од Тајлер.Ова се првите десет ликови:
10. Вито Корлеоне
Асоцијација за The Godfather е несомнено ликот на Марлон Брандо и ве