Најдобрите љубовни филмови и филмски цитати

Loading...

Ако не си спремен да испаднеш глупав, тогаш не си достоен да се заљубиш, ова е  само една од премногуте филмски цитати за љубовта. За сите оние кои ги сакаат убавите зборови…
             
   The Notebook
Eпската љубовна приказна за темпераментните млади љубовници (Ryan Gosling и Rachel McAdams). Поради сиромашното потекло на момчето, семејството на девојката не ја прифаќа нивната врска, па тие се разделуваат, ветувајќи си еден на друг дека ќе продолжат да си пишуваат. Ноах и пишува на Алие, но неговите писма завршуваат во рацете на нејзината мајка.  После седум години тој одлучува да ја посети, но во меѓувреме Алие се омажила за друг. Приказната ја следиме од перспектива на старица во старачки дом, каде секојдневно ја посетува старец и читајќи ја приказната.
„Најдобрата љубов е онаа која се раѓа во душата и не тера да бараме уште, онаа која ни пали оган во срцето, а на умот му дава мир. Тоа ми даде ти, а се надевам дека ќе успеам и јас да ти го пружам тоа засекогаш..“

А Lot Like Love
Приказна за девајца млади (Amanda Peet и Аshton Kutcher) кој после случајна средба и кратко пријателство дознаваат дека сакаат да бидат во сериозна врска, но на патот им стојат многу проблеми, а најмногу тоа што имаат различни погледи за животот. Тие продолжуваат случајно да се среќаваат низ  годините…
„Ако не си спремен да испаднеш глупав, тогаш не си ни достоен да се заљубиш!“
Тhe Mexican
Приказната го прати љубовниот пар (Brad Pitt, Julia Robert) кој патува низ Мексико да пронајде драгоценет антички пиштол, за да го шверцува во САД. Саманта го тера своето момче Џери да го остави криминалот, за нивната врска да продолжи. Истакнувајќи дека е повеќе вредно да остане жив и да ја разочара девојка, се  одлучува за авантура која ќе го дефинира нивниот однос.
„Саманта: Имам прашање за тебе. Ако се двајца млади сакаат, но никако неможат да најдат заеднички јазик, кога ќе дојде крајот?
Џери: Никогаш “
Meet Joe Black
Плавокосото момче Џое (Brad Pitt) се претставува себеси како смртта која дошла по богаташот кому животот му е при крај. Но непланирани работи се случуваат кога ќе ја запознае неговата ќерка (Clair Forlan) и дознае колку љубовта и смртта може да влијаат на неговиот живот.
“Земи ја мојата љубов, помножи ја со вечноста и пренеси ја во длабочините на бескрајот… тогаш за миг ќе дознаеш што чувствувам за тебе..“
Phenomenom
Животот на автомеханичарот (John Travolta) одеднаш ќе се промени кога чуден блесок од небото ќе му донесе посебна способност и генијална интелегенција. Дознавајќи дека причината за промена е тумор на мозокот, тој се губи, а подршка му дава неговата девојка Лејс (Kyra Sedgwick) во чиј прегратки умира.
„Џорџ: Ќе ме сакаш ли до крајот на мојот живот?
Лејс: Не ќе те сакам до крајот на својот“
 Love story
Богатиот студент на Хардвард (Ryan O'Neal) се заљубува во сиромашна,но многу интелегентна студенка (Ali MacGraw). На патот на нивната љубовна среќа стои неговото семејство. После краткок заеднички живот исполнет со љубов таа умира.
„Да сакаш значи да немаш потреба од зборот извини..“

P.S I Love You
Среќата на овој лудо заљубен пар (Hilary Swank и Gerarda Butler) ќе ја расипе неговата  болест. После неговата смрт Холи, се губи но помошта и доаѓа во вид на писма кој нејзиниот сопруг ги напишал и планирал пред неговата смрт. Животот без него и станува многу тежок , но нејзиниот сопруг имал план за него. Неговата несебична љубов доаѓа до таму што тој и дава подршка во потрага по нова љубов.
„Драга Холи, имам чувство дека ова е моето последно писмо до тебе, бидејќи имам да ти кажам само уште една работа. Ти си смислата на мојот живот, но јас сум само поглавје во твојот. Не плаши се да се заљубиш повторно.“
Love Actually
Филмот прикажува неколку љубовни приказни чијшто главни ликови (Hugh Grant, Keira Knightley, Collin Firth, Emma Thompson, Rowan Atkinson) меѓусебно се испреплетуваат на различни комични начини, во Лондон на само пет дена пред Божиќ.
„Знаеш како можеш да знаеш дека си заљубен? Кога лежиш во креветот и не можеш да заспиеш затоа што стварноста е поубава од сонот.“
Notting Hill
Симпатичниот библиотекар ((Hugh Grant) се заљубува во славната филмска ѕвезда (Juliju Roberts). После неколку комични ситуации, парот започнува љубовна приказна, но непредвидени случувања ја менуваат ситуацијата.
„Не заборавај дека јас сум само девојка, која стои пред момче, барајќи од него да ја сака.“
Love Is a Four Letter Word
Двајца адвокати за разводи се среќаваат на ист случај на суд. И двајцата се цинични и без верба во љубовта, но сепак неможат да одолеат на чувствата кој се рагаат мегу нив.
„Кога адвокат за разводи ќе се ожени, тоа е триумф на надежта над искуството.“
 
10 Things I Hate About You
Класичната драма на Шекспир, „Скротувањето на фуријата“ поставена во едно модерно средно училиште. Популарната Бјанка Страфорд има дилема додека  семејното правило ѝ забранува да излегува сè дури нејзината постара сестра не си најде додворувач.
„Го мразам начинот на кој разговараш со мене. Ја мразам и твојата фризура. Ги мразам и твоите чевли, и начинот на кој ми ги читаш мислите. Го мразам тоа што секогаш си во право. Мразам кога правиш да се смеам и плачам. Мразам што те нема до мене и тоа што не ми се јавуваш. Но најмногу го мразам тоа што не те мразам .“
 Ако не си спремен да испаднеш глупав, тогаш не си достоен да се заљубиш, ова е  само една од премногуте филмски цитати за љубовта. За сите они

loading...