Најдобрите љубовни совети на сите времиња!

Човекот да не сака и да не чувствува не би знаел што е целта на неговото постоење на овој свет. Но за среќа, природата за сето тоа добро се погрижила. Луѓето кои се во потрага по љубов треба да се задржат на ова место. Да најдете некој кој ќе ве сака и кого ќе го сакате не е ниту лесно, ниту едноставно. Различни луѓе имаат различни искуства, па понекогаш и не е лесно да се потпрете на сечии совети. Но сепак постојат некои универзални правила кои важат секогаш, за сите и во секоја прилика.
Прочитајте ги и љубовта ќе ви затропа на вратата.
Не судете и на книгата по нејзината корица
Да, првиот впечаток е важен, но сепак треба да дадете шанса. Многу луѓе се плашат и кога ги запознавате, се прават ладни. Но тоа е само маска. Со време ќе сфатите дека тие се прекрасни.

Вашите пријатели не секогаш знаат кој е најдобар за вас
Се разбира дека пријателите ви посакуваат се најдобро, но понекогаш тие не се во право. Слушнете го нивното мислење, но одлуката донесете ја сами. Сепак, вие ја знаете таа личност подобро од нив и вашите чувства и мисли се многу поважни.
Ако звучи премногу добро за да биде вистинито, тогаш веројатно така е
Сте запознале маж или жена и сè изгледа совршено во секој поглед. Кога подобро ќе размислите, можеби премногу идилично… Слушнете го тоа чувство. Не морате да побегнете веднаш, но држете ги очите отворени и потсетете се дека тоа е личноста која не ја познавате доволно добро.
Имајте критериуми, но бидете реални
Убаво е што знаете точно што сакате од потенцијалниот партнер или партнерка. Критериумите се нормална работа и добро е да ги имате, но внимавајте да останете реални. Не дозволувајте да изгубите квалитетна личност само затоа што совршено не се вклопува во вашата мала кутија на пожелни особини. Дајте шанса, не губите ништо, а можете да добиете.

Не се занесувајте прерано
Сте сретнале личност, многу ви се допаѓа, не можете да престанете да размислувате за неа… Тоа е добро, но ако премногу се занесете, а личноста се уште не сте ја запознале доволно, може да се најдете себе си во деветтиот круг на пеколот. Малку стопирајте ја топката и не дозволувајте емоциите целосно да ве понесат. Барем не пред времето.
Таинствената романса е возбудлива, но не е добар знак
Има нешто во тоа кога само вие двајца знаете дека се сакате, а остатокот од светот не го знае. Тајните врски се возбудливи и самото тоа криење ја дава дополнителната доза на ваквиот интересен однос. Но бидете внимателни – можеби постои причина зошто односот е таен, а ако ја дознаете, веројатно таа причина не би ви се допаднала. Луѓето кои се во потрага по љубов треба да се задржат на ова место. Да најдете некој кој ќе ве сака и кого ќе го сакате не е ниту лесно, ниту еднос

Пронајдете не на следниве мрежи: