Повеќе од 80 претставници од јавниот и приватниот сектор од Македонија и Шведска ќе учествуваат на бизнис форумот што започнува денеска во Стокхолм во организација на Македонија 2025 и Aмбасадата на Р. Македонија во Шведска.Главната тема за дискусија на форумот е производство на енергија од обновливи извори. Шведска е лидер во светот по одржлив развој, а Македонија има големи потенцијали кои треба ефикасно да се искористат. Ќе се презентираат стратегии за развој на т.н. Паметни градови и индустрии за управување на отпад, како и можности за соработка помеѓу Македонија и Шведска.
„Нашата цел е да придонесеме кон поголемо вклучување на Македонија во европската економија, како и кон пренесувањето на најдобри практики за одржлив развој кои Македонија може да ги имплементира“, рече меѓудругото Џон Битов (помладиот), ко-основач на МК2025 и успешен претприемач од Канада со македонско потекло, кој заедно со Амбасадорката на Р. Македонија во Шведска, Александра Наќева Ружин и Ана Гислер, извршна директорка на Инвест Стокхолм, го отворија форумот. Амбасадорката Наќева Ружин во оваа прилика истакна: „Исклучително сум задоволна од јавно-приватното партнерство меѓу Амбасадата и Македонија2025 во организација на форумот, кој е одлична платформа за претставување на јавните политики и потенцијалите за меѓуинституционална и бизнис соработка меѓу Р. Македонија и Шведска во областа на чистите технологии, обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, одржливи градби и транспорт“.
Ваквите настани се од особена важност за Македонија, бидејки како што кажа и еден од говорниците, Светозар Серафимовски, извршен директор на Coordea: “Верувам дека вмрежувањето, размената на искуства и поврзувањето е важно не само за бизнис заедниците, туку и за мојот личен развиток и бизнис достигнувања. Јас сум почестен и среќен што ќе имам можност да ги претставам и споделам моите искуства на Македонија2025 Бизнис Форумот во Стокхолм, но исто така и да слушнам и научам од другите”.
Организацијата Македонија 2025 работи на поврзување на македонски професионалци кои живеат низ Европа и светот, како и промовирање на потенцијалите за инвестиции во Македонија. Претходните настани од ваков карактер се одржаа во Париз, Виена, Торонто, Колумбус, Чикаго и други светски метрополи.Главната тема за дискусија на форумот е производство на енергија од обновливи извори. Шведска е лидер во светот по одржлив развој, а Маке