Најдобрите три начини да ослабете без да држите диети

Сите знаеме дека за да ослабеме треба да ги знаеме калоричните вредности на храната што ја внесуваме, но еве неколку трикови за побрзо слабеење што науката ни ги подари.-Бидете позитивни
Првиот совет за добро здравје значи дека ќе треба да најдете ефикасен начин да го насочите потенцијално негативното однесување кон другите луѓе во позитивна насока. 21 истражување на Меѓународната Асоцијација за истражување на дебелеењето покажало дека оваа техника помогнала во емотивното прејадување и прејадувањето предизвикано од надворешни фактори.
Ова се базира на анализа на луѓето што имаат проблем со тежината, а чии најголеми причинители се стресот и негативните чувства. Оваа стратегија многу им помогнала на луѓето да сфатат дали навистина јадат за да го задоволат гладот или пак, за да ги задоволат емотивните потреби.
-Не брзајте
Неодамнешно истражување покажа дека начинот на кој јадеме исто така има голем удел во наталожувањето на калориите. Биле испитани луѓе кои јадат брзо и луѓе кои јадат бавно, и се открило дека јадењето бавно значи јадење помалку.
Ова ни укажува на фактот дека кога јадеме не смееме да брзаме, бидејќи има шанса да изедеме многу повеќе од тоа што ни треба. Луѓето што ја намалиле брзината на јадење не се чувствувале гладни 3 ипол часа подоцна, за разлика од оние што јаделе брзо. Истражувањето покажува и дека нашите тела различно ја процесираат храната во зависност од тоа колку брзо ја добиваат.

-Пијте оцет
Истражувањето на Меѓународното списание за проблеми со дебелината покажало дека додавањето на оцет во милкшејкот го има токму ефектот што го посакуваме – несаканиот вкус е доволен за да го убие гладот, па дури и за да ни се слоши.
Шегата на страна, овој совет е добар само ако чувствувате неконтролиран нагон за брза храна и слатки. Сепак, истражувачите откриле дека оцетот е добар за топење на целулитот, а помага во слабеењето и на психолошкиот начин што го споменавме претходно.
За крај, можеме да заклучиме дека јадењето е комплексна комбинација од физички и психолошки реакции. Најпрво, нашиот ум мора да се сконцентрира, па дури потоа можеме да го вклучиме и телото, бидејќи тоа е најдобриот начин да ја постигнеме целта.-Бидете позитивни
Првиот совет за добро здравје значи дека ќе треба да најдете ефикасен начин да го насочите потенцијално негативното однес

Пронајдете не на следниве мрежи: