Во свеста ни е врежан митот дека овошје не се јаде навечер бидејќи ќе се здебелиме поради нивото на шеќер во овошјето. Сепак, не постои научен доказ кој ќе застане зад ова тврдење и ќе го разбие митот. И не само тоа, она овошје кое важи за настрашно, бидејќи содржи најмногу шеќер, всушност, се јаде само навечер – бананите.
Бананите брзо заситуваат, па затоа луѓето претпочитаат да ги јадат за појадок или како замена за оброк, или пак по вежбање или напорна работа затоа што ја подигаат енергијата. Вистина е дека бананите содржат се што му е потребно на организмот: протеини, јаглехидрати, влакна, витамини, минерали… Тие се одличен извор на енергија, суперсојузник во диетите, а колку е поблиску ноќта, толку им се зголемува моќта.
Бананите не се совршен избор за појадок зашто содржат многу шеќер кој наутро нема да ве разгуди, туку ќе ве направи троми. Во текот на денот се добар избор, особено по вежбање, зашто се богати со калиум и добро ги надополнуваат електролитите изгубени со вежбањето.
Сетете се зошто не се добар избор наутро и веднаш ќе ви стане јасно зошто с добар избор за вечера. Смируваат, ја ублажуваат несоницата, ги опуштаат мускулите, затпа што се богато си триптофан кој му помага на организмот да произведе повеќе серотинин, кој смирува и овозможува подобар сон.
Серотонинот е природен антидепресив, а колку повеќе го има во телото, толку побрзо ќе се ослободите од нервозите, стресот, бесот.
Исто така, триптофанот од бананите го зголемува количеството мелатонин, хормон кој го регулира спиењето.
На крајот, бананите се богати со магнезиум, кој исто така ги опушта мускулите, што дополнително го олеснува сонот.
Запомнете само едно за овошјето: јадете овошје колку што е можно подалеку од оброкот. Тоа се вари поврзо од другата храна, па додека чека да дојде на ред, ќе ферментира на врвот на желудникот. Тоа нема веднаш да ве здебели, но ќе се чувствувате непријатно, а со текот на времето и ќе забележите поместување на вагата.Во свеста ни е врежан митот дека овошје не се јаде навечер бидејќи ќе се здебелиме поради нивото на шеќер во овошјето. Сепак, не постои научен