Најдобро организирање на политичка кампања

Која е стратегијата за најдобро организирање на политичка капмања? Дали воопшто постои или има повеќе тактики и стратегии? Како светските, па и нашите политичари се подготвуваат за една политичка кампања?
Решивме да погледнеме на другата страна од политичката кампања и да видиме на кој начин се организира една успешна политичка кампања. Низ пет чекори ќе погледнеме што е најважно за поседува еден политичар доколку сака да организира најдобра кампања и да победи. 
1. Не се надевајте на победа, бидете сигурни во својата победа
Премногу политички кандидати ширум светот, се кандидираат со надеж дека ќе победат. Тоа е многу лош старт. Доколку навистина сте желни за победа и освојување на политичката кампања, тогаш пред се треба да бидете сигурни дека ќе победите. Прво треба себе да си се убедите дека ќе победите и преку останатите алатки да почнете да дејствувате и да креирате една успешна политичка кампања.
2. Имајте свој пример
Важно е да имате некој пример од политичар, по кој ќе се водите, но немојте да си дозволите да бидете негова копија, бидејќи само оргиналот е привлечен и победува. Доволно е да земете неколку примери, да ги преработите и од нив да направите свои. Читајте за тоа како се организира една политичка, каков треба да биде еден политичар за време на кампањата и по неа. Сето тоа само ќе ви помогне при разработката на стратегијата и тактиките за победување во кампањата.
3. Напишете план за кампањата
Убаво е да имате се црно на бело. Секоја ваша идеја и замисла за тоа како сакате да изгледа кампањата, запишете го. Сето тоа направете го да биде уредно, за да можете да се снајдете и во најхаотичните моменти за време на кампањата. За да победите било каква конкуренција, планот е доста моќно оружје кое ќе ви помогне во тоа. Направете скица од сите стратегии, финансиски средства, контакти, дестинации и сл.
4. Направете тим
Како индивидуалец може добро функционирате, но како тим уште подобро. Во вакви ситуации, тимот е важна алатка за успешна политичка кампања. Потребен ви е тим од доверливи луѓе и секогаш достапни. Тие ќе ви помогнат за реализација на вашиот план за кампањата.
5. Почнете со собирање средства за кампањата
Ништо не е подобро доколку имате висока сума на пари вложени во вашата кампања. Парите се исто така важна алатка за успешна политичка кампања. Тие ви помагаат за купување материјали потребни за кампањата, изнајмување на места за одржување говори и многу други работи. Покрај тоа што би вложиле ваши пари во политичката кампања, пожелно е да најдете соодветни спонзори кои ќе бидат лојални поддржувачи и ќе ви помогнат во вашата крајна цел…победа во политичката кампања.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Која е стратегијата за најдобро организирање на политичка капмања? Дали воопшто постои или има повеќе тактики и стратегии? Како светските, па и наш

Пронајдете не на следниве мрежи: