Најдоброто од Владо Јаневски

Налетавме на Јутјуб на овој микс од Владо Јаневски, кој е еден од најпопуларните и најпознати македонски пејачи. Па решивме да ви го претставиме.
Инаку Владо е роден во Скопје во 1960 година. Има издадено 6 студиски албуми со големи хитови како „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „И тогаш некоја будала“, „Некогаш и негде“, „Црно тиквешко“, „Ова е наше Скопје“, „Не зори зоро“, „Еден бакнеж“…
Малку е познато дека членувал во неколку музички групи, од кои едната се вика „Тост“. Се работи за далечната 1979 година. Потоа членувал во „Бонтон“, „Фотомодел“ и „Ластовица“. Тој беше и првиот официјален претставник на Македонија на песната за евровизија во 1998 година.
Владо е и текстописец, негови песни снимиле и пеат:   Тијана Дапчевиќ, Весна Писаровиќ,  Тоше Проески,  Каролина Гочева, Данијел Џокиќ, Александра Пилева, “Синтезис”, Тамара Тодевска, Марјан Стојановски, Мартин Вучиќ, Лидија Кочовска..
Неговиот официјален сајт е: https://www.vladojanevski.com.mk
 Налетавме на Јутјуб на овој микс од Владо Јаневски, кој е еден од најпопуларните и најпознати македонски пејачи. Па решивме да ви го претставиме.

Пронајдете не на следниве мрежи: