Седум недели народот е на улиците, повеќе од 150.000 граѓани секојдневно се на улиците низ Македонија, во 42 градови и населени места. Народот гласно и достоинствено кажа дека не сака двојазична и бинационална федерализирана држава, туку сака зачувување на унитарниот карактер и суверенитетот на својата држава.Опозицискиот лидер Зоран Заев за по секоја цена да дојде до власта реши да ја прифати платформата на Албанските партии составена во Тирана под покровителство на Еди Рама, документ кој директно удира по темелите на државата.
Протестите на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ се најдолги и најдостоинствени досега, граѓаните се на улиците веќе 45 дена, досега освен патриотски песни и достоинствено марширање на улиците, граѓаните немаат направено ниту еден инцидент. Заради граѓаните повторно е отворена народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, која лани беше демолирана, запалена, а од неа беше украден и лап топ, при протестите на „Шарена револуција“.
Оваа година на протестите ниту еден полицаец не е удрен, ниту еден споменик или објект во сопственост на државата не е уништен, нешто што како што сите знаеме беше пракса на шарената револуција. Да се потсетиме дека полицајци беа навредувани, тепани и им беше посакувана смрт од страна на луѓето кои протестираа во „Шарената револуција“.
Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ испрати повеќе барања, кои според нив ќе бидат излез од кризата. Тие не дозволуваат избор на Претседател на Парламентот кој не се откажал од Тиранската платформа.
– Сите политички партии заедно со граѓаните да изготват платформа ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, тука во главниот град на Република Македонија и да ги отфрлат Платформите пишувани во туѓи држави.
– Бараме од политичките партии во преговорите да не помислуваат да усвојат владина програма која не би била изгласана од граѓаните на изборите.
– Бараме од партиите, а посебно од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да не допуштат да се гласа во Собранието законот за двојазична Македонија затоа што тоа ќе биде вовед во редефинирање на Македонија.
-Бараме од Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов да го почитува Уставот, да не доделува мандат после истекување на рокот кој веќе е истечен и затоа што давањето на мандатот за платформа од туѓа држава ќе го направи соучесник во разнебитувањето на Република Македонија.
Еден од главните организатори на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ изјави дека граѓаните секојдневно победуваат, дека поради нив е спречен државен удар пред Велигден, дека поради нив се уште немаме претседател на Собранието кој ја нема отфрлено Тиранската платформа, како и дека заради нив се уште немаме тиранска влада во Република Македонија.
-Оваа црвено-жолта река денеска извојува уште една голема победа, ниту денеска не се избра претседател на ова Собрание, кој не ја отфрлил и не ја осудил Тиранската платформа. И денеска не им успеа планот пред Велигден да направат државен удар, за тоа сте заслужни сите вие, изјави Илиевски.Опозицискиот лидер Зоран Заев за по секоја цена да дојде до власта реши да ја прифати платформата на Албанските партии составена во Тирана под покр