Како што веќе знаете, започна официјалната продажба на Apple iPhone 6S и 6S Plus во светот. Километражни колони луѓе нетрпеливо чекаа да се отворат продавниците за мобилни телефони низ светот за да ги купат новите модели на iPhone.Но, цените на Apple iPhone 6S и 6S Plus се готово исти колку и најевтиниот автомобил во светот!
Bajaj Qute
Тоа е Bajaj Qute, кој се јавува како наследник на RE60 автомобилот кој уште во 2012 година беше претставен како прототип за време на најголемиот автомобилски саем во Индија. Токму од таму доаѓа и потеклото на рекордно најевтиниот автомобил на пазарот.
Независно од ниската цена, Qute изгледа доста симпатично и без проблем би можел да им конкурира на малите градски автомобили како Smart, AIXAM и TATA Nano, кој до одреден момент беше рекордер по ниска цена. Исто како кај него, и Bajaj се обложи на концепт со хечбек со 5 врати и 3 + 1 места. Каросеријата е со димензии 2752 мм (должина), 1312 мм (ширина) и 1650 мм (висина).
Моторот на Qute е од мотоцикл, кој како карактеристики го доближува побрзо до AIXAM, кои дури можат да се возат од 16-годишни луѓе, бидејќи се во категоријата „Мопед“.
Најевтиниот автомобил во светот е управуван Euro 3 компатибилен цилиндар DTSi агрегат со 4 цилиндри и водено ладење. Тој е со зафатнина од само 217сс и 13.5к.с. и има моќност при 5500 rpm и 19,6 Nm при 4000 rpm.
Максималната брзина е сосема доволна за во градска средина – 70км / ч.
Интересен факт е дека освен со бензин, Qute ќе има со CNG и LPG гасни уреди.
Од компанијата најавија дека цената на автомобилот ќе изнесува 2000 американски долари.
Сега останува прашањето, што би избрале: нов автомобил или Apple iPhone 6S. Каков е вашиот избор?
Извор: indianautosblog.comНо, цените на Apple iPhone 6S и 6S Plus се готово исти колку и најевтиниот автомобил во светот!
Bajaj Qute
Тоа е