Најголем дел од аерозагадувањето е од грењето на дрва

Ситуацијата со загадувањето во Скопје и Тетово е резултат на комбинација на многу ефекти, а не само на индустријата. Најголем удел во загадувањето има загревањето со огревни дрва, бидејќи таму емисијата на честички е прилично голема, оцени денеска вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски. – Правиме се она што не се правело во изминатите години и мислам дека во делот на заштита на животната средина оваа Влада има направено повеќе од било која претходно, изјави Пешевски, одговарајќи на новинарско прашање по засадувањето дрвца во Парк шумата Гази Баба во рамки на акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“.
Тој посочи дека течат роковите што ги има доделено Владата за Југохром од Јегуновце да ги направи неопходните фитри, а подготвителните активности се во тек.
– Југохром сега работи со 20 проценти од капацитетот и е многу мал учесник во вкупното загадување на Тетово. Инсистираме компанијата да ги задоволи еколошките стандарди согласно одлуката на Владата и согласно европските норми. Доколку тоа не се случи во предвидените рокови ќе се преземат соодветни законски мерки, нагласи Пешевски. – Правиме се она што не се правело во изминатите години и мислам дека во делот на заштита на животната средина оваа Влада има направено повеќе од б

Пронајдете не на следниве мрежи: