Знаеме дека убавината боли и дека жените се подготвени многу да трпат за да изгледаат убаво, но понекогаш навистина претеруваат.Мамен Санчез неодамна е избрана за градоначалник на малото гратче Херес де ла фронтера во Шпанија, но и покрај нејзиниот успех во политиката веројатно сите ја забележале по модното промашување.
Проблемот не е нејзината комбинација, туку изборот на обувки кој очигледно не е адекватен. Мамен нема шест прсти на нозете иако така делува. Всушност, таа само облекла сандали еден број помали, па малите прсти ѝ испаднале помеѓу каишките на сандалите. Ниту малку убава глетка, а веројатно и болна, настанала на примопредавањето на должноста на градоначалникот.
Фотографијата го обиколи светот и стана хит на интернет, погледнете.
Мамен Санчез неодамна е избрана за градоначалник на малото гратче Херес де ла фронтера во Шпанија, но и покрај нејзиниот успех во политиката