четврток, 12 ноември 2026
Најново

Најголемата грешка која ја правиме за време на патувањата

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Иако на прв поглед делува како добра идеја, ливче со име и адреса на куферот може да предизвика големи проблеми.Одморите и патувањата треба да се вртат околу забавата, опуштањето и да бидат прилика за „побегнеме“ од секојдневието.
Меѓутоа, многу луѓе можат да се опуштат само ако знаат дека се е безбедно – домот, парите, документите, багажот.
За да се осигураме и да ги намалиме потенцијалните непријатности во случај нашиот куфер да биде загубен, најчесто на него лепиме или прикачуваме ливче со податоците – име, презиме, адреса, број на телефон…
Сепак, ова е голема грешка, зашто со тоа ја загрозуваме сигурноста, наместо да ја засилиме.
Доколку залепите ливче со адреса и сите податоци на куферот, вие порачувате „овој стан е празен, можете да не ограбите“.
Не е добра идеја ниту да ставате адреса на некој од блиските пријатели или членови на семејството зашто потенцијалните крадци не знаат чиј е тој дом, и доколку намерат – секако ќе се обидат да извршат кражба.
Но сепак, факт е дека куферите често се губат, особено ако летате со авион, така што ливчиња со податоци на куферот сепак ви се потребни.
Најпаметно што можете да направите е да ги оставите податоците од фирмата во која работите и вашиот мобилен телефон. На тој начин, доколку вашиот куфер се загуби, надлежните ќе можат да стапат во контакт со вас или со некој кој ве познава, а вие ќе ги добиете работите назад.Одморите и патувањата треба да се вртат околу забавата, опуштањето и да бидат прилика за „побегнеме“ од секојдневието.
Меѓутоа,

Поврзани вести