Најголемата пловна фарма со турбини во светот ќе биде изградена во близина на брегот на Шкотска.Норвешката компанија „Статоил“, во чија сопственост ќе биде фармата, денеска доби дозвола за наем на морското дно. Петте големи турбини од 6MW „Hywind“, треба да бидат поставени до крајот на 2017 година. Досега компанијата е сопственик на слични турбини крај норвешките брегови.
Иновативните пловни турбини се најпосакувани при изградба на фарми со ветерници, бидејќи се значително лесни за монтирање. Стандардните турбини кои се прикачени на морското дно се поскапи, најчесто при поставување на длабочина од над 40 метри. Сепак, во моментот повеќето крајбрежни турбини се токму такви. Предноста на пловните уреди сепак е во тоа што тие можат да бидат поставени поназад во морињата и океаните, каде што и ветровите се посилни.
Во моментов, во светот има повеќе од 40 проекти кои вклучуваат пловни турбини кои се во различна фаза од спроведувањето.
Ветерната фарма ќе плови на повеќе од 27 километри од шкотските брегови. Основата на секоја турбина е составена од челични цевки и конструкции кои се приврзани кон морското дно.
Повеќе од 90% од офшор инсталациите за ветерна енергија се наоѓаат во Северна Европа, а во Велика Британија има најмногу од нив. Сепак, искористувањето на ветерот се зголемува и во земјите како што се Германија, Јапонија, Кина и САД.Норвешката компанија „Статоил“, во чија сопственост ќе биде фармата, денеска доби дозвола за наем на морското дно. Петте голе



