Најголемата пре- Lovefest журка оваа Сабота: Душан Качаревич доаѓа во Сектор 909!

Оваа Сабота (19.07) Сектор 909 ќе биде домаќин на фантастичниот Душан Качаревич, кој публиката веќе подолг период го очекува на нашите подиуми. Како дел од пре парти програмата за овогодинешниот Lovefest 2014, Качаревич најавува одлична журка, со како што самиот вели, „одличните насмеани, и секогаш расположени Македонци.Душан Качаревич ја започна својата кариера во 1996 год. и набрзо станува еден од пионерите на младата генерација Дј-и во Србија. Својот прв редовен настап го има во многу познатиот андергроунд клуб во 90-те “Омен” , a на крајот од 1997 год. Душан станува резидент во клубовите “Magna House“ и „Tag Boat“ каде што започна соработка со многу Дј-и од Србија но и од странство. Во текот на 2001 и 2002 год. предводеше две популарни радио емисии, а после тоа почна да организира многу успешни настани и фестивали со своите блиски пријатели. До сега, неговата продукција има организиано преку 140 забави. Во 2003 год . Душан ја испробува својата среќа и заминува надвор од границите на својата земја. Патува во Америка, Европа, Карипски острови, Бахами и на Кајмански острови. На овие патувања успева да ги посети најголемите музички центри во светот како што се Лос Анџелес, Мајами, Лондон, Париз, Амстердам, Минхен и други.
Од самиот почеток зазема место на Егзит Фестивалот, а во последните неколку години сте имале можност да го слушнете на МТV Free Your Mind Arena stage. Во својата досегашна богата кариера соработувал со имиња како што се : DJ Dano, H-Fundation, Kerri Chandler, Aril Brikha, Carl Craig, John Auquaviva , Jimmy Van M, Pete Heller, Marshall Jefferson, Terry Lee Brown Jr., Derrick May, Solomun, Sebo K, Kerri Chandler, Dj Rolando, Anja Schneider, LLorca, Sister Bliss, Move D, Anton Zap, Nina Kraviz, Levon Vincent, Vince Watson итн. Душан е еден од ретките Дј  на денешната сцена кој може да се пофалат дека уште од почетокот на својата кариера успеале да развијат свој единствен стил.
Покрај организирањето на разновидни настани во својата кариера, задолжен е за програмскиот распоред во клубот The Wash, The Tube и диско барот Младост , што се однесуваат на интернационалните гостувања.
Последниот проект зад кој стои неговото име е “ Wats “ или  We Are The Shit ”, ново место за собир на Дј-те и креативни луѓе на кои музиката секогаш им е приоритет за добара забава. 
Влезот за настапот на Качаревич ќе биде само 100 денари, а самата забава ќе биде тематски насочена кон претставување на овогодинешното издание на Lovefest 2014, фестивал кој од 7-ми до 9-ти Август ќе се одржи во Врњачка Бања, Србија. Податоци за изведувачите и комплетната фестивалска програма може да најдете на https://www.facebook.com/LoveFestMK
Цената на билетот за три фестивалски дена изнесува 999 денари, додека цената за влезниците за сите три дена со вклучен превоз изнесува 2699 денари. За сите оние кои ќе набават три карти преку онлајн продажната мрежа на МКТикетс, добиваат една гратис!
Картите можат да се набават на продажната мрежат на МКТикетс, како и сите продажни салони на ОНЕ низ Републиката. Душан Качаревич ја започна својата кариера во 1996 год. и набрзо станува еден од пионерите на младата генерација Дј-и во Србија. Својот прв редовен

Пронајдете не на следниве мрежи: