Најголеми „кукавици“ меѓу славните: Најавија дека ќе ја напуштат земјата ако Трамп победи, а сега…

Пред победата на Доналд Трампп на изборите за претседател на САД, десетина познати Американци рекоа дека ќе ја напуштат државата ако контроверзниот милионер стане претседател.Меѓу нив беа и дами како актерката Вупи Голдберг, водителката Челзи Хендлер и комичарката Еми Шумер, но се чини дека сега не се толку сигурни во намерата.
Челзи за време на своето шоу во четвртокот рече дека сепак ќе остане во САД.
„Наједноставно е да се откажеш и да изјавиш дека ќе се отселиш во Шпанија бидејќи навистина сакам, а посебно сега“, рече таа пред публиката и продолжи- „Сите во мојата редакција ми кажаа дека имам одговорност, дека сум глас и дека морам да останам овде“.
Додека Челзи ја префрлаше одговорноста на колегите, Вупи изјави дека е „погрешно вклучена“ меѓу познатите кои кажале дека ќе си одат ако Трамп победи.
„Жал ми е што ќе ви ја разбијам илузијата, но не ја напуштам земјата во која сум се родила и пораснала“.
Еми пак, во средата напиша дека изјавила дека ќе се отсели во Лондон „на шала“.
Меѓу ѕвездите кои најавија дека ќе си одат се и Брајан Кранстон, Лена Дунхем, Сиена Милер и Семјуел Л. Џексон.
За сега, никој од нив не се отсели.Меѓу нив беа и дами како актерката Вупи Голдберг, водителката Челзи Хендлер и комичарката Еми Шумер, но се чини дека сега не се толку сигурни во на

Пронајдете не на следниве мрежи: