Лагите се чести во секоја врска но и во секој брак. Па погледнете кои се најчести женски лаги:
1. Изгледаш фантастично
Ако брзате за на вечера или пак за на гости кај пријателите а тој сака да носи некоја облека што одамна не ја носел, секако дека ќе му кажете дека изгледа фантастично односно она што сака да го слушне.
2.Најдобар си во кревет
Многу често жените им велат на своите мажи дека се најдобри во сексот но често тоа е моментален занос а не вистина. Па и покрај се и оваа реченица влегува во најчестите женски лаги.
3. Семејството ти е прекрасно
Ова често жените го кажуваат бидејќи навистина сакаат така да ги доживеат роднините на мажот. За доброто на врската и бракот подобро да не го кажат вистинското мислење за роднините на момчето.
4. Најубав си
Жените ја кажуваат оваа лага затоа што кога на некој му делуте комплимети тој станува повнимателен со вас. Па затоа ова е една „бела“ лага.
5. Имав оргазам
Оваа лага е навистина неоправдана. Обидувајќи се да не го навредат егото на мажот, жените остануваат без сексуалното задоволство
6. Се е во ред
Често кога мажот ќе праша во што е проблемот, жената се обидува да го увери дека се е во ред, но со тоа краткорочно се прикрива проблемот а долгорочно се зголемува фрустрацијата кај жената.
7. Тој ништо не ми значи
Кога вашиот маж или дечко ќе открие дека комуницирате со некое ваше поранешно момче, кажувате дека тоа не е ништо. Лагите на оваа тема се всушност маскирање на проблемот.
Лагите се чести во секоја врска но и во секој брак. Па погледнете кои се најчести женски лаги: