Најголемиот фан на Каролина направи спот за песната „Две лири“

Александар Златановски eден од најголемите фанови на Каролина Гочева во Македонија,  направи своја верзија на видео- спот за новиот сингл на поп-ѕвездата, “Две лири”.Александар го инспирирал текстот на песната и го потсетил на познатиот филм “Сјај во трева”, па го споил текстот со најинтересните делови од филмот. Текстот на песната стои како титл под филмските сцени.
Александар го испратил спотот до “Авалон”, продукцијата на Каролина, а оттаму го постираа на својот официјален Фејсбук профил, како и на фан-страницата на Каролина на Фејсбук.
“Две лири” е вториот сингл на поп-ѕвездата, по “Чалгиска”, кој го најавува новиот албум “Македонско девојче 2”. Албумот во живо ќе се промовира на петте концерти на Каролина во МОБ, од 20 до 24 февруари. (М.Џ.) Фото: О. Теофиловски.Александар го инспирирал текстот на песната и го потсетил на познатиот филм “Сјај во трева”, па го споил текстот со најинтересните делови од филмот

Пронајдете не на следниве мрежи: