Најголемиот КОШМАР на сите жени за неа бил реалност полни ПЕТ години!

Се работи за најголемата ноќна мора на сите девојки. Клои Кристос имала менструација која траела цели пет години.Оваа девојка од Перт страда од пореметување кое го спречува правилното  згрутчување на крвта, а кога за прв пат почнала да крвари на 14 години, тоа едноставно не престанало.
„Не можев ништо да работам. Постојано имав вртоглавица, опасно низок крвен притисок и  не доаѓаше во предвид да возам или пак да излегувам надвор. Нацистина ја сакам физичката активност и затоа сето ова за мене  е голема фрустрација“, изјавила Клои.

Девојките за време на менструација во просек губат помеѓу 20 и 60 милилитри крв, а се повеќе од 80 се смета за сериозно крварење и луѓето кои ја губат таа количина крв страдаат од состојба која се нарекува менорагија.
Но во рок од само неколку дена, Клои можела да изгуби и до  500 мл крв.

 
Знаев дека тоа со мојата менструација и  не е баш во ред, но ми беше срам да зборувам за тоа. Се чувствував поинаку од другите и осамено“, раскажува Клои која мајка во еден момент ја однела  на лекар откако  ја сфатила сериозноста на нејзината состојба.
Ѝ бил дијагностициран Вон Вилебрандово пореметување. За работи за наследна болест , од која, за разлика од хемофилијата, страдаат и жените.
Најчестите симптомисе тешки, долготрајни и обилни менструации, лесно создавање на модринки и тешко спречување на крварењето.
 И покрај дијагнозата, Клои продолжила да страда бидејќи синтетичкиот лек ѝ предизвикал бројни негативни споредни промени, а спречувањето на менструалното крварење е само  12 часа.

Одбила хистероктомија, зафат во кој  би  ѝ ги отстраниле женските репродуктивни органи па поради  неможноста за адекватно лечење се посветила на истражување на алтернативни терапии.  Покрај тоа често прима трансфузија на крв.
Минатиот месец пронашла треман кој  ѝ овозможил  за прв пат во животот да има цуклус во траење од само 6 дена.
После се, Клои се посветила на борбата за правата на трансфузиските  пациенти и  сите личности  со пореметување во згрутчување на крвта.Оваа девојка од Перт страда од пореметување кое го спречува правилното  згрутчување на крвта, а кога за прв пат почнала да крвари на 14 години

Пронајдете не на следниве мрежи: