„Мораме да бидеме внимателни кога е во прашање вештачката интелигенција. Таа е најголемата закана за нашата егзистенција. Со неа ги повикуваме демоните“, изјави основачот на Tesla Motors, нагласувајќи ја потребата од основање регулаторно тело за оваа тематика.Веќе постојат голем број дебати за хипотетичка верзија на иднината каде што софтверот станува свесен и паметен.
Сѐ започна минатиот месец, кога Џерон Ланиер се обрати на сајтот edge.org, дискутирајќи за потенцијалната закана на вештачката интелигенција во објавата со назив „The Myth od A.I.“. Неговиот текст беше проследен со низа коментари од бројни научници. Меѓу луѓето кои беа расположени за коментирање, беше и Елон Маск, кој прилично беше исплашен од можните закани кои со себе ги носи вештачката интелигенција.
„Постои ризик дека ќе се случи нешто опасно во наредните 5 години. Може и во наредните 10“ – напишал Маск.
„Имајте на ум дека јас сум поддржувач на развојот на технологијата и дека никогаш не се жалев во врска со оваа тема.“
Веднаш откако се појавиле коментарите, биле пратени преку мејл до американските страници. Кога се дознало дека информацијата за нив станала вирална, веднаш биле отстранети од страната на која биле напишани, но некој сепак бил побрз и објавил принтскрин од коментарите на „Редит.“
„Моето мислење го делат и големите компании кои се главни производители на уреди за вештачка интелигенција. Сите тие преземаат големи чекори за да обезбедат сигурност, бидејќи ја препознаваат опасноста која би можела да ја донесе вештачката интелигенција. Но, останува да видиме што ќе донесе иднината…“ – вели Маск.
Без разлика дали мислите дека предвидувањата на Маск имаат допирни точки со реалноста или не, можеби ќе ве загрижи фактот дека оваа тема на големо се дискутира во научниот и технолошкиот свет.Веќе постојат голем број дебати за хипотетичка верзија на иднината каде што софтверот станува свесен и паметен.
Сѐ започна минатиот месец,