Најголемите махери за „перење пари“ – Прв дел

Се верува дека терминот „перење пари“ (money londering) потекнал од САД во текот на прохабицијата. Наводно го измислил Ал Капоне, за „црните“, нелегални пари, стекнати со коцкање, проституција и рекетирање, да ги направи „бели“, односно чесно заработени.
Многумина тврдат дека овој израз прв пат во писмена форма се појавил во 1973 година, во весниците кои известува за аферата „Вотергејт“. Беше користен како опис на активностите на американскиот претседтел Ричард Никсон и неговите соработници, кои создадоа илегален воен буџет. 
Во две продолженија Ви ги претставуваме луѓето кои во историјата заработиле најмногу „црни“ пари.
1. MUHAMED SUHARTO (1921-2008)
Корупциски шампион
Поранешниот претседател Мухамед Сухарто на власт дојде во 1967 година, а со Индонезија владееше 32 години. Сменет е после масовните студентски протести и немири ширум земјата. Низа на мозочни удари му нанесоа трајно оштетување на мозокот и отежнат говор, па така го избегна судењето за кршење на човековите права и проневера на државните фондови.  

Неговото владеење беше во сенка на политичките чистки во текот на кои животот го изгубија над милион луѓе. Низ корупција и маловерзација Сухарто за време на своето владеење „инкасирал“ 73 милјарди долари . Прогласен е за најкорумпиран лидер на сите времиња.
2. PABLO ESKOBAR (1949-1993)
Колумбиски Робин Худ
Најпознатиот нарко-бос Пабло Ескобар за сиромашните Комлумбијци беше Робин Худ, а за Американците терорист. Листата „Форбс“ на најбогати луѓе во светот во 1989 година го смести меѓу најбогатите со „капитал“ од 25 милјарди долари.

 
Толку се збогатил од шверц на дрога, што во околината на родниот Меделин градел станови за сиромашни, болници, тајни и јавни аеродромски писти од каде што кокаинот патуваше кон Бахамите, а потоа во САД. Живееше во камп во џунгла, опкружен со лична армија. Се зборуваше дека додека бил во бегство за да се затопли изгорел два милиони долари. Кога во 1991 почувствувал дека се стега обрачот околу него, се предаде во договор со властите. Од затворот направи хотел со пет звездички. За да избегне преместување во друг затвор, избегал, а во 1993 година го застрела полицијата со куршуми обложени со цијанид.
3. FERDINAND MARKOS (1917-1986)
Првата дама во златни чевли
Фердинанд Маркос, претседател на Филипините од 1965 до 1986 година, кој со народно востание е соборен од власт, преку банки во САД и Швајцарија, испра милјарди долари од државните фондови. После обидот за атентат на еден од неговите помошници, во 1972 година прогласи вонредна состојба и воведе диктатура.

 
Неговото владеење го одбележа корупција, политичка репресија и кршење на човековите права. Побегна во Хаваи, каде и умре. За илустрација на Марсовиот раскошен живот ќе го земеме податокот што неговата сопруга Имелда имала повеќе од 25 илјади пара чевли, од кои неои биле украсени со злато.Се правдаше дека така сака да ја промовира филипинската индустрија за обувки. Денес Имелда купува во продавници за сиромашни и жали што им беше конфискувано ама баш се што поседуваа.
4. DAUD IBRAHIM (1955)
Шеф на индиското подземје 
Еден од најозлогласените луѓе на планетата е Дауд Ибрахим, шеф на Индијското подземје. До ден денешен се шпекулира дека тој го организирал бомбашкиот напад во Мамбија (некогашен Бомбај), во 1993 година, кога активирал 12 експлозивни направи кои убија 257, а ранија 713 луѓе. Се наоѓа на потерница на Интерпол.
 
Тој е главен човек на организираната криминална мрежа „Д-компани“ која брои над пет илјади луѓе, а се занимава со шверц на дрога и оружје, а се врзува и за многу убиства. „Д-компани“ работи во Индија, Пакистан и Обединетите Арапски Емирати. Вашингтон тврди дека Ибрахим одржува одлични врски со Ал Каеда, како и дека испрал милијарди долари. Се претпоставува дека тој се крие на триторијата на Пакистан.
5. Крал LEOPOLD II (1835-1909)
Конго како логор
Белгијскиот крал Леополд Втори владел од 1865 до 1908 година. Ја завзел африканската држава Конго како свој приватен имот и направил џиновски концентрационен логор. Во овој период од Конго најмногу се извезувало слонова коска, гума и кожа. Ги искористувал природните богатства, а ако домородците, кои се третирани како робови, не биле доволно продуктивни, ги осакатувале, малтретирале и злоставувале.

Конго за осум години станал најголем светски снабдувач на гума, а прометот се одвивал преку трговските друштва во сопственост на кралот Леополд Втори. 
Продолжува…
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24. Се верува дека терминот „перење пари“ (money londering) потекнал од САД во текот на прохабицијата. Наводно

Пронајдете не на следниве мрежи: