Најголемите машки стравови поврзани со сексот

Дури и најсамоуверените мажи имаат стравови поврзани со сексот.
Дали сум доволно добар љубовник? Дали мојот пенис е доволно голем? Ќе остане ли бремена? Ова се само дел од многуте прашања кои им се вртат низ главата.
1. Големина на пенисот
Многу мажи се грижат за големината, затоа што мислат дека нема да успеат да ја задоволат партнерката. Меѓутоа, големината не е толку важна, затоа што жената многу повеќе ќе ужива доколку мажот знае како да ја користи „опремата“.
2. Вештини во кревет
Страв кој особено се јавува кога врската е нова. Колку и да верува во себе, сепак не еден маж не може да биде сигурен додека партнерката не му каже директно дека е добар љубовник. Сепак, нејзините воздишки за време на сексот, му зборуваат многу за тоа каков е во кревет.
3. Времетраење на сексот
Ќе трае ли доволно долго или пак ќе заврши за брзо време? Овој страв кој може да премине во проблем, пред се е од психолошка природа, од самото нивно оптоварување со траењето на сексот. Меѓутоа доколку проблемот не е од таква природа, може слободно да се консултира доктор.
4. Бременост и преносливи болести
Без оглед на тоа што користат заштита сепак кај многу мажи се јавува страв од несакана бременост или некоја пренослива болест. Најдобро е да разговарате со партнерката и да се договорите за заеднича стратегија во однос на заштитата.
5. Лош секс
Не е само страв од тоа дека тој самиот нема да биде добар, туку и дали партнерката ќе се покаже. Сепак не мора да значи дека ако на почетокот не е добра, таа нема да се поправи. Можеби само и треба време да се навикне. Не треба да постои страв дека девојката која сте ја избрале, нема да ви одговара во кревет.
6. Недоволна ерекција
Можеби најголемиот страв на мажите. И за овој проблем важи тоа дека најчесто е од психолошка природа, од претерано размислување за истото. Затоа, опуштете се и уживајте во сексот, нема потреба од страв.Дури и најсамоуверените мажи имаат стравови поврзани со

Пронајдете не на следниве мрежи: