Најголемите митови за диносаурусите!

Кој се најчестите митови за диносаурусите? Оваа листа истражуванекој од најпопуларните заблуди во врска со диносаурусите.1. Луѓето живееле заедно со диносаурусите
Диносаурусите и луѓето коегзистираат само во книгите и филмовите. Последните диносауруси изумреле пред околу 65 милиони години, додека најстарите пронајдени фосили на нашите најрани човечки предци се стари околу 6 милиони години.
2. Цицаччите еволуирале после изумирањето на диносаурусите
Малите цицачи живееле под сенката на диносаурусите повеќе од 150 милиони години, окупирајќи ги еколошки пониските, ноќни животни тешки околу 2 грама. Предците на цицачите, животните по име синапсидс, всушност се појавиле уште пред диносаурусите. Цицачите останале релативно мали се до изумирањето на диносаурусите, кога се направило место за пораст на нови, поголеми животни поради тоа што немало кој да ги убива.
3. Диносаурусите изумреле поради цицачите кои ги јаделе нивните јајца
Диносаурусите коегзистирале со цицачите околу 150 милиони години. Иако гнездата на диносаурусите биле релативно ранливи, најопасните предатори најверојатно биле помалите диносауруси. Поголемиот дел од цицачите во тоа време биле премногу мали за да би представувале некаква закана по јајцата на диносаурусите.

 

4. Ударот од астероид е единствениот виновник за изумирањето на диносаурусите
Слој карпи богати со иридијум на местото каде што денес се наоѓа полуостровот Јукатан во Мексико го обележува местото каде што пред 65 милиони години земјата ја погодил астероид со пречник од 10 километри. Ударот направил кратер широк 180 километри. И ден денес нема доволно убедливи докази дека некој копнени диносауруси го преживеале ударот. Сепак, уште не сме сигурно како тие изумреле. Самиот удар би можел да убие животни во непосредна близина на кратерот. Но тој исто така има и други разорни последици како џиновско цунами, кисели дождови како и облак од прашина кој би ја прекрил планетата и постепено би ја заладувал со месеци, па дури и децении после ударот. По друга теорија, во времето на ударот бројот на диносауруси бил намален. А комбинацијата од овој удар, и непрекинатите вулкански ерупции биле главна причина за исчезнувањето на диносаурусите.
5. Диносаурусите изумреле бидејќи не можеле да се прилагодат на еволуцијата
Диносаурусите владееле со планетата речиси 150 милиони години, па никако не може да се каже дека не биле прилагодливи. Хоминидите живееле пред 6 милиони години, а хомо сапиенсите датираат не повеќе од 200.000 години во минатото. Своевремено им немало рамни на земјата, меѓутоа, ја изгубиле битката со претходното наброените фактори.
6. Сите диносауруси изумреле пред 65 милиони години
Птиците еволуирале 150 милиони години. Многу експерти веруваат дека дека тиеисчезнале од малите предатори, па поради современите методи на групирањето на животните ги класифицираме како диносауруси. Овие птици-диносауруси веројатно претрпеле загуби после ударот од астероидот, но живееле уште долго после него.

 

7. Диносаурусите биле бавни животни
Раните палеонтолози сметале дека диносаурусите биле бавни животни па поради тоа ја изгубиле еволуицоната битка со птиците и цицаччите. Модерните студии го покажуваат спротивното. Најголемиот број од нив веројатно се движеле со брзина на денешните цицачи. Месојадите најверојатно, како лавовите, после оброкот долго време лежеле иодмарале. Една студија од 2000-та година за одлично добро сочуваниот фосил на хадросаурусот најден во коритото на реката во Јужна Дакота, сугерира дека диносаурусите имале моќно срце како птиците и модерните цицачи. Истражувањата тврдат дека фосилизираното срце со четири мембрани укажува на активен метаболизам.
8. Сите големи рептили во праисторијата биле диносауруси
Копнените рептили достигнувале големина и до 5 метри кога се појавиле првите диносауруси пред околу 250 милиони години. Некои од нив, како Диметродонот, кој владеел со просторот на денешна Северна Америка во периодот од пред 290-240 милиони години, е навистина сличен со диносаурусите, но не е.
9. Водените рептили како плезиосаурусот и ихтиосаурусот исто така биле диносауруси
Неколкуте врсти на морски рептили еволуирале за време на диносаурусите, но сите вистински диносауруси биле копнени животни. Морските и другите денешни крокодили, блиско се поврзани со диносаурусите, а тука се вбројувале и праисториски репитили како плиосаурусот, мозосаурусот и ихтиосаурусот.
10. Летечките рептили биле диносаурусите
Летечките репити како птеросаурусот, се појавиле веднаш после појавувањето на диносаурусите, а потоа изумреле во исто време како и тие. Најголемите биле со големина на авион, меѓутоа, иако се блиски роднини, не биле вистински диносауруси.
Извор: Think.mk1. Луѓето живееле заедно со диносаурусите
Диносаурусите и луѓето

Пронајдете не на следниве мрежи: