Најголемите националистички партии во Бугарија со класични анти-македонски ставови, ВМРО-БНД и АТАКА, го искажаа своето огромно задоволство од договорот кој им го понудија Зоран Заев, Никола Димитров, Роберт Алаѓозовски и останатите членови на владата на Република Македонија.Пратеникот Красимир Богданов од партијата ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов во говор во бугарскиот парламент по повод договорот меѓу Бугарија и Македонија, истакна дека „овој договор, освен општите ставки кои би биле напишани и во секој друг договор на Бугарија со друга држава, е специјален“.
Што еден пратеник на ВМРО-БНД мисли со тоа дека ваквиот договор е специјален и дали тоа има врска со начините на кои ќе се користи овој договор во блиска, но и далечна иднина – веројатно и не треба многу да се објаснува, бидејќи се подразбира.
Тој ги поздрави владата, премиерот и МНР на Република Бугарија бидејќи „ги крунисале со успех напорите на многу бугарски влади“.
Лидерот на ВМРО-БНД Красимир Каракачанов, многупати јавно говорел дека Македонија има бугарски карактер, а во оваа прилика прашан за иднината на Македонја вели дека или Македонија ќе биде дел од голема Албанија или ќе постои во рамките на една нова Бугарска држава.
И ништо од ова немаше да се случи доколку не беше еластичната кичма на премиерот Зоран Заев, па затоа пофалби за неговите политики и однос кон македонското прашање дојдоа и од најголемите националисти во Бугарија АТАКА и нивниот лидер Волен Сидеров.
Тој по повод договорот со Македонија рече:
„Ова е историски момент во новата политичка историја нна Бугарија и се радувам што сум дел од него. Посакувам да не поминат уште 25 години додека нештата навистина се нормализираат“.
Инаку, Волен Сидеров е човек кој за македонскиот јазик има став дека е измислен како анти-бугарски елемент, бара јавно единство против македонизмот и заедно со Каракачанов и ВМРО-БНД се поднесувачи на декларацијата против репресијата врз Бугарите во Македонија.
Овие две партии барале и промена на учебниците во Република Македонија, уште една работа која е предмет на договорот на СДСМ и Заев со Бугарија, во име на сите граѓани на Република Македонија: и денешните, и оние пред нас и оние после нас.
Со попустливоста на Заев, тој стана обожуван од најголемите бугарски националистички партии кои не признаваат постоење на македонска нација и силно го поздравуваат договорот кој Заев ќе го потпише со Борисов.
Пратеникот Красимир Богданов од партијата ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов во говор во бугарскиот парламент по повод договорот меѓу Бугарија
Пронајдете не на следниве мрежи: