Што добивате ако ставите во комбинација измамник и наивна личност? Тоа се одлични примери во кои на човечката глупавост и итрината немаат граници.
Мили Ванили, продажбата на Ајфеловата кула, промена на идентитет, крадење на идентитет, лажни откритија…. Сите тие имаат заедничка цел, односно се врвни измами, но и онаа поучната за тоа дека на лагата и се кратки нозете.
Човекот кој ја продаде Ајфеловата кула
Виктор Лустиг (1890-1947) се смета за еден од најголемите измамници во историјата. Својата прва измама ја направил кога за 30 илјади долари продал машина за печатење пари која не била исправна. Неговата најголема измама е продажбата на Ајфеловата кула, која започна во 1925 година, кога прочитал во весник дека градските власти имаат финансиски проблеми со одржување на кулата. Лустиг добил одлична идеја како да заработи од тој проблем.
Вештиот измамник го преземал идентитетот на владин претставник и договорил состанок со шестмина дилери со старо железо. Лустиг им рекол на дилерите дека градот нема повеќе средства за да ги подмирува огромните трошоци потребни за одржување на кулата и дека сака да ја продаде како старо железо. Еден од трговците наседнал и ја купил кулата, а Лустиг избегал со првиот воз за Виена со торба полна со пари.
Човекот кој ја купил кулата бил толку многу посрамотен што дури не пријавил ниу во полиција. Лустиг продолжил со неговите измами, па така успеал да го измами еден од најпознатите гангстери на сите времиња – Ал Капоне. Него го убедил да инвестира 40 илјади долари во акции кои не постојат. Парите два месеци ги чувал во сеф, за на крајот му ги врати на Капоне, кажувајќи му дека договорот пропаднал, а ганстерот за возврат како награда за заштедените пари му дал пет илјади долари.
Лустиг во 1907 година заминал во Америка и среќата почнала да го напушта, па за брзо време бил уапсен за фалсификување и испратен во затворот Алкатраз.
Фати ме ако можеш
Злоупотребите на овој човек послужија како инспирација за филмот “Фати ме ако можеш”. Френк Вилијам Абегнел во текот на пет години променил осум идентитети, и голем дел од нив ги искористил за впаричување и фалсификување на чекови на износ од 2.5 милиони долари во 26 земји.
Таа сума на пари му овозможила да живее како вистински богат човек. Постојано бил во друштво на убави жени, јадел во скапи ресторани, купувал екстремно скапа облека и се подготвувал за следните измами. “Кариерата” ја почнал со пишување на чекови од непостоечка сметка и создавал речиси совршени копии на чекови.
Две години се претставувал како пилот на компанијата Pem Am Airlines, што му овозможувало да патуваат низ светот бесплатно. Тој, исто така ја фалсификувал и дипломата од Харвард, со положен правосуден испит, и добил работа во канцеларијата на јавниот обвинител во Луизијана. Абегнел умешно го избегнал затворот и сега има сопствена компанија за финансиски консалтинг.
Кои се останатите најголеми „преваранти“ во светот прочитајте на denar.mk.Мили Ванили, продажбата на Ајфеловата кула, промена на идентитет, крадење на идентитет, лажни откритија…. Сите тие имаат заедничка цел, одно