НАЈХРАБРИОТ ОЛИМПИЕЦ ГО ЗАПРЕПАСТИ СВЕТОТ: Ќе ме убијат ако се вратам дома!

„Ако се вратам во татковината, сигурно ќе ме убијат. Ако не, веројатно ќе завршам во затвор. Како и да е, морам да одлучам и веројатно ќе морам да се преселам во друга држава“.Ова не се зборови на некаков водач на отпор. И не само тоа, она што сигурно не го очкеувате, е да излезат од устата на олимпиец. Маратонец. Освојувач на сребрениот медал во Рио.
Но, бидејќи светот е онаков каков што си го правиме, а знаеме каква раса се луѓето, токму оваа изјава доаѓа од етиопскиот атлетичар Фејиса Лилесa, кој на штотуку завршените Олимписки игри се закити со сребрен медал во маратон.
Најтешката трка на кралицата на спортовите ја истрча за импресивни два часа и девет секунди. Но, времето како и освојувачот на златниот медал (Елиуд Кипчоге) воопшто не се важни. Важен е гестот што го направи Фејиса кога минуваше на целта. Направи крст со рацете во знак на поддршка на народот Оромо од својата татковина.
Во низата брутални убиства од декември 2015 година етипопската власт досега им го одзеде животот на преку 400 припадници на тој народ поради нивните протести против владата која им задре во уставните права. Власта сакаш да го прошири главниот град Адис Абеба и на територијата на народот Оромо, кој е најголемото етничко малцинство во Етиопија. Логично, се побуниле, а потоа следуваат убиствата. 
Припадниците на полицијата пукаа во масите луѓе кои демонстрираа, а оние кои преживеале, според „Хјуманс рајт воч“, биле мачени во заробеништво. Ретко кој преживеал потоа. За време на масакрот припадниците на народот Оромо и самите со рацете го правеле знакот што го направи Фејиса на целта на трката.
Целиот случај потсетува на познатиот поздрав на црните малцинства во Мексико Сити на Игрите во 1968 година кога озвојувачите на злато и бронза на трката на 200 метри, Американците Томи Смит и Џон Карлос, подигнаа стиснати тупаници на подиумот. Но, нив не ги чекаше евентуална смртна пресуда кога се вратија во САД.Ова не се зборови на некаков водач на отпор. И не само тоа, она што сигурно не го очкеувате, е да излезат од устата на олимпиец. Маратонец. Освојув

Пронајдете не на следниве мрежи: