Во текот на чистката во политичките кругови во Саудиска Арабија, која е спроведена по налог на принцот Мохамед Бин Салман, луксузниот хотел „Риц Карлтон“ во саудиската престолнина Ријад, стана “затвор“ за околу 200 уапсени политичари, луѓе од елитата и луѓе блиски до власта.Неодамна екипата на Би-Би-Си прва имаше можност да влезе во познатиот “златен кафез“ и да ги види сите погодности кои ги имаат “затвореници“, кој во овој хотел се доселија на 4 ноември. Хотелот поседува луксузен базен, ресторани, теретана, а покрај тоа се изгледа сјајно.
Кога дојде до нивното преместување во хотелот, гостите доживеале непријатност со каква луѓето од тој граѓански слој досега не се соочиле.
Бизнисмени, милионери, жени на богати спортисти и останатите итно се повикани да се спакуваат и соберат во холот на хотелот, од каде се префрлени во друг хотел. Никој не знаел зошто.
А потоа во хотелот почнале да пристигнуваат пребогатите саудиски принцови, а се поради тоа што во него требало да бидат притворени после апсењето за корупција.
Рецепционерот забрзано ја решавал документацијата и викал на собарките што побрзо да ги исчистат најлуксузните апартмани, како во нив би се доселиле затворениците од највисок калибар во историјата на Саудиска Арабија. Покрај тоа и дефинитивно најразмазените затворениците.
Откако хотелот бил испразнет, почнале да пристигнуваат автобуси со осрамотената елита и полицајци.
Најголемото апсење на принцовите во историјата на затвореното кралство, покажа дека сепак најбогатите имаат привилегии, дури и тогаш кога направиле криминал.
Повеќе од 40 истакнати Саудијци, 11 принцови кои се во директно сродство со владарите, како и 30 високи државни службеници и поранешни министри, заклучени се во „Риц Карлтон“, кој е нивната “затворска келија“.
Апсењата дојдоа по наредба на младиот, амбициозен и за власт жеден принц Мохамед Бин Салман, моментално министер за одбрана, кој сепак е свесен за ризикот на својот радикален потег против естаблишментот, поради што презема мерки на претпазливост.
Имено, во строгото кралство, навреда на високо официјално лице или уште полошо, роднина на владеачката династија, со себе носи застрашувачки последици.
Со оглед на тоа што во Саудиска Арабија и понатаму владеат племенски правила, кралството се води со помош на консензус на неколку гранки од кралското семејство, каде членовите потекнуваат од основачот на државата Абдулазиз Ел Сауда.
Навреда на еден од неговите роднини, да кажеме затварање во затворска ќелија, претставува непочитување кое би донело жесток раздор помеѓу соплеменците. Секоја навреда би може лесно да ги скине врските кои ги држи саудиското кралско семејство.
Високите личности во саудиското друштво имаат голема улога во системот, како и профит, а за возврат ја даваат својата лојалност, со чија помош држата, поточно нивните роднини на тронот функционираат.
Доколку таквиот баланс би бил пореметен, саудиските лидери не би можеле да сметаат на помошта на своите роднини на кои им е повеќе од потребна за продолжување на авторитетното владеење.
-Принцот Мохамед Бин Салман не можеше да ги прати во затворска ќелија. И тој тоа многу добро го знае. Затоа се потруди да им јаде најдостоинствено решение, изјави еден од повисоките луѓе во саудиските власти.
Дека ситуацијата не е баш лесна говори и присуството на стражарите во овој најлуксузен затвор а светот. Тие се сместени во големата соба за банкети „Болрум Б“, која има 1.850 метри квадратни отворен простор, која може да прими повеќе од 1.400 луѓе.
На подот на собата поставени се душеци на кои спијат стражарите и дадени им се живописни ќебиња со кои се покриват.
Во собата можат да се видат и модерни воени пушки кои личат на американските пушки М-4.
Принцовите и официјалните лица се во неколку хотелски апартмани и соби од вкупно 492 соби кои хотелот ги има.
На прашањето што се случува, еден од претставниците на хотелот кажа дека добиле „неочекувани резервации од стрна на власта“.
Хотелот „Риц Карлтон“ во Ријад е во сопственост на саудиските власти, додека со него управува хотелската група „Мериот“. Во него гости биле Барак Обама и Доналд Трамп.
Неодамна екипата на Би-Би-Си прва имаше можност да влезе во познатиот “златен кафез“ и да ги види сите погодности кои ги имаат “з