Пред малку повеќе од една година, 9-годишниот Зион Харви претрпе успешна операција за пресадување на раце.Сега најскриената негова желба е да игра рагби, објавија Асошиејтед прес и ТАСС, цитирани од агенциите.
Најмалиот пациент со трансплантирани раце е во Детската болница во Филаделфија, каде што се одвива неговата рехабилитација.
Во истата болница, во јули минатата година, Зион Харви претрпе 11-часовна операција за трансплантација на двете раце.
„Среќен сум што имам две нови раце. Уживам бидејќи сега можам да фрлам рагби топка подалеку отколку кога немав раце“ – вели Зион.
Претходно во текот на месецот, Харви ги демонстрираше новите способности, фрлајќи ја првата топка на безбол натпревар во родниот град Балтимор. Малиот пациент поминува низ интензивна рехабилитација за да се научи како да ги користи новите екстремитети.
Зион Харви останал без раце после сериозна инфекција. Тој е и со ампутирани нозе, кои се заменети со протези, за да може да оди.
На прес конференцијата беа присутни мајката на Зион, неговиот лекар и физиотерапевти.
Д-р Скот Левин, шеф на хируршкиот тим што ја изврши операцијата, вели дека детето ја поднесе подобро трансплантацијата отколку возрасни што трпат поедноставни процедури.
„Никогаш не сум го видел Зион да плаче. Никогаш не сум бил сведок на негово одбивање да се подложува на терапија. Тој едноставно е едно извонредно човечко суштество. Со храброста и решителноста Зион е инспирација за сите нас“ – вели д-р Скот.
Малиот Зион Харви додава дека тоа се должи на мудроста добиена од две неверојатни жени – мајка му и баба му.
Сонот на Зион е да игра рагби. Мајка му Пети Реј, сепак не се согласува поради потенцијалните ризици. Сепак, тој ја потсетува на мајка си дека ќе игра против мали деца, не против професионалци, со што си обезбеди „одложена дискусија“ на темата.
„Мојата следна цел е да убедам мајка ми да ми дозволи да играм рагби“ – вели Зион.Сега најскриената негова желба е да игра рагби, објавија Асошиејтед прес и ТАСС, цитирани од агенциите.
Најмалиот пациент со трансплантиран