НАЈМАЛИОТ СВЕТСКИ ПАТНИК Има само три месеци, а го пропатувала пола свет

Повеќето луѓе не би се осудиле да се спакуваат и да тргнат на пат околу светот. Посебно не со бебе кое има три месеци. Но, тоа не ги спречило Карен Едвардс и Шон Бејс од Лондон, да тргнат на несекојдневна авантура.Ова необично семејство се спакувало и се качило во авион кога нивната ќерка имала само три месеци.
Семејството тргнало на пат кон Азија, Австралија и Нов Зеланд. Патувањето траело 10 месеци.
Спакувале работи во еден ранец, се поздравиле со роднините и пријателите и тргнале на пат. Го продале автомобилот и ја дале куќата под ќирија во Лондон, за да си ја овозможат оваа авантура.

Семејството ги посетило Сингапур, Ирска, Австралија, Индонезија, Малезија, Виетнам, Тајван и Хонг Конг. Малата Есме била уште доенче.
Откако се вратиле назад дома во Лондон, по краток престој, повторно се одлучиле за нова авантура. Есме тогаш имала 17 месеци. Овој пат се решиле за Тајланд, Камбоџа и Нов Зеланд.
– Есме беше многу примерна за време на патувањето. Не се каеме за ништо. Таа посети многу места, осети разни мириси и израсна во феноменално девојче. Единствено мислам дека и недостасуваа другарчиња рекла Карен.Ова необично семејство се спакувало и се качило во авион кога нивната ќерка имала само три месеци.
Семејството тргнало на пат кон Азија, Ав

Пронајдете не на следниве мрежи: