Најмалку 12 лица загинаа денеска во двоен самоубиствен напад со автомобили бомби пред хотел во близина на аеродромот во главниот град на Сомалија, Могадишу, соопшти полицијата, јави ДПА Силите за безбедност запреле автомобил на контролен пункт покрај аеродромот. Автомобилот експлодирал, а по него и еден камион.
– Напаѓачите се обиделе да стигнат до хотелот Пијс, каде често пати престојуваат државјани на западни земји и претставници на Африканската унија и Владата, изјави портпаролот на полицијата Хасан Кулмие.
Хотелот, кој се наоѓа до аеродромот е делумно разурзнат од експлозиите. Меѓу жртвите има цивили и четворица припадници на безбедносните сили. Според некои извештаи загинале и припадници на обезбедување на хотелот. Се уште не е познато дали има жртви внатре во зградата.
По експлозиите следеле истрели од огнено оружје. Одговорноста за нападот ја презеде исламистичката групација „Ал Шабаб“. Силите за безбедност запреле автомобил на контролен пункт покрај аеродромот. Автомобилот експлодирал, а по него и еден камион.
– Напаѓачите