Најмалку 15 лица загинале во експлозија во Бугарија

Најмалку 15 луѓе загинале во силна експлозија што се случила ноќеска во фабрика лоцирана 120 километри северно од Софија, информираат бугарските медиуми.Според полициските информации, повредени уште три лица, а по силната детонација се слушнале уште серија помали експлозии во период од неколку часа.
Шефот на цивилната одбрана Николај Николов изјавил дека спасувачки тимови можат да извршат инспекција на местото на несреќата дури 24 часа по експлозијата кога ќе се знае точниот број на загинати.  За сега не се познати причините за експлозијата во фабриката која имала приватен сопственик.Според полициските информации, повредени уште три лица, а по силната детонација се слушнале уште серија помали експлозии во период од неколку часа.

Пронајдете не на следниве мрежи: