Најмалку 154 лица го загубиле животот, а 124 се водат за исчезнати во поплавите што ја зафатија Кина, информираа денеска официјални претставници на кинеските власти.Најтешко е погодена северната провинција Хебеи, каде погинаа 114 лица, јавија американските медиуми.
Во оваа провинција се евакуирани повеќе од 300.000 лица, а десетици илјади куќи се оштетени или уништени. Само во градот Тјанмен во истата провинција има околу 250.000 блокирани лица, јави агенцијата Ксинхуа, цитирана од ТАСС.
На помош на граѓаните им се испратени 1.500 војници и спасувачи. Унесреќените луѓе од своите поплавени домови се вадат со чамци.
Над 10.000 лица се испратени да ги обноват и дополнително обезбедат заштитните насипи.
Податоците на локалните власти покажуваат дека поплавите во целина зафатиле над 680.000 жители на провинцијата. Целосно или делумно под вода се десет села.Најтешко е погодена северната провинција Хебеи, каде погинаа 114 лица, јавија американските медиуми.
Во оваа провинција се евакуирани повеќ