Најмалку 214 лица загинаа, а околу 2.800 се повредени во катастрофалниот земјотрес кој синоќа го погоди реонот на иранско-ирачката граница, во иранската провинција Керманшах, објави државната иранска телевизија.Според податоците на иранската Национална организација за управување со несреќи, во Иран загинале најмалку 207, а повеќе од 2.500 се повредени.
Ирански официјални претставници наведуваат дека бројот на загинатите би можел да биде многу поголем, бидејќи спасувачките екипи се уште не стигнале во подалечните подрачја.
Земјотресот бил почувствуван во неколку ирански провинции, а најтешко погоден е Керманшах, каде е прогласена тридневна жалост. Таму загинаа најмалку 142 лица, а најголемата болница е многу оштетена и повредените не можат да добијат лекарска помош.
Земјотресот е почувствуван и во Ирак, каде најмалку седум луѓе загинале, а 321 лице е повредено во регионот на Ирачки Курдистан, соопштија курдските здравствени власти.
Според курдскиот министер за здравство Хаме Рашед, ситуацијата во градот Дарбандикан е многу сериозна, најголемата болница е оштетена и нема електрична енергија, па повредениде се носат и во соседниот град, а повеќето згради и куќи се разурнати.
По првиот потрес од 7,2 степена според Рихтерова скала, имало 12 последователни потреси со интензитет од 3,6 до 4,7 степени. Епицентарот се наоѓал на 32 километра северно од градот Сарпол е Захиб и на 100 километри југоисточно од ирачкиот град Сулејманија.Според податоците на иранската Национална организација за управување со несреќи, во Иран загинале најмалку 207, а повеќе од 2.500 се повредени.