Најмалку 23 лица го загубија животот: РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ во Брисел

Најмалку десет луѓе загинаа во експлозија во метро станицата Малбек во Брисел, јави белгиската телевизија ВТМ.Според белгиската агенција Белга, која се повикува на полициски извори, регистрана е и експлозија во метро станицата Шуман, под зградата на Европската комисија, пренесува МИА.
Европската комисија ги повика вработените да останат дома или на работните места.
Најмалку 13 загинати и 35 ранети во експлозиите на аеродромот
Белгиското обвинителство потврди дека 13 лица загинаа, а 35 се ранети во терористичкиот напад што се случи утринава на меѓунардониот аеродромот во Брисел, јави дописникот на МИА од Брисел.
Пред двете експлозии, што се случиле една по друга, на терминалот за полетување на аеродромот „Завентем“ во Брисел, се слушнале истрели и повици на арапски јазик.
Засега е потврдено дека нападот, што се случи во 8 часот, бил изврешен од бомбаш-самоубиец.
Поради двете експлозии, аеродромот, како и железничката станица во во него, се затворени.
По нападот на аеродромот „Завентем“, претпладнево се случи уште една експлозија во метро станицата Малбек во белгискиот главен град, во близина на зградата на Европската комисија и на Европскиот совет.
Засега официјално е потврдено дека при експлозијта на Малбек е повредено едно лице.
Протипожарната единица на главниот град на Белгија ги потврди експлозиите што се случија утринава на аеродромот, како и на метро станицата на улицата Арт-Лоа, каде се наоѓаат и македонската амбасада во Белгија и Мисија на Република Македонија при Европската унија.
Експлозиите на „Завентем“ предизвикаа сериозна материјална штета на предниот дел на аеродромската зграда, кај влезот наспроти хотелот „Шератон“.
Сите приоди и излезни патишта кон бриселскиот аеродром се затворени, а полицијата детално го претресува секој автомобил и сомнителни лица.
Затворени се и аеродромите Антверпен, Остенд-Бриж и Кортрејк во фламанската провинција на Белгија, а не сообраќа ниту метрото во Брисел. Сите летови се пренасочуваат кон јужниот бриселски аеродром во градчето Шарлроа.

Fumée métro maelbeeck #bruxelles @RTBFinfo pic.twitter.com/YVRVh2wwXa
— JF (@jfbxl) March 22, 2016
Според белгиската агенција Белга, која се повикува на полициски извори, регистрана е и експлозија во метро станицата Шуман, под зградата

Пронајдете не на следниве мрежи: