Најмалку 29 луѓе загинаа и повеќе десетици се ранети во петокот во напади изведени со автомобили бомби изведени против припадници на шиитското мнозинство во Ирак.Во северниот дел од главниот град Багдад два автомобили бомби во период од неколку минути експлодирале на пазарот на птици во Казимија, каде што претежно живеат шиитските муслимани. Загинале 16, а ранети биле 43 лица, пренесува AFP повикувајќи се на медицински и безбедносни извори. Секој петок, кој е неработен ден во Ирак, на овој пазар доаѓаат многу луѓе.Јужно од ирачката престолнина, во покраината Вавилон, со исто така мнозинско шиитско население, два автомобила бомба експлодирале во градот Шомали и убиле 13 а раниле 26 лица, рекле безбедносни извори. Меѓу убиените се жени и деца.Во последната седмица зачестија нападите во Ирак, во кои загинаа повеќе од сто луѓе, во пресрет на десетгодишнината од инвазијата на американските сили од март 2003 година со кои беше соборен режимот на диктаторот Садам Хусеин.Сунитските бунтовници од кои повеќето се поврзани со терористичката мрежа на Ал Каеда, кои инаку се Малцинство во Ирак, ги има 33 отсто наспроти повеќе од 60 проценти шиити, редовно вршат напади врз шиитската заедници и безбедносните сили да за ја дестабилизираат владата на Нури ал-Малики во која доминираат шиитите.
МакфаксНајмалку 29 луѓе загинаа и повеќе десетици се ранети во петокот во напади изведени со автомобили бомби изведени против припадници на шиитскот