Рудникот Злетово во Пробиштип ќе биде рестартиран за неколку дена, а рудникот Тораница во Крива Паланка за месец до месец и пол од страна на новиот сопственик бугарски „Минстрој“, најави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, при посетата на Валандово.Одговарајќи на новинарско прашање за рестартирањето на овие два рудника, Груевски оцени дека рудниците биле во многу лоша состојба поради финансиските проблеми на претходниот концесионер, но оти за многу краток период од околу шест месеци е најден нов и сериозен концесионер кој ќе ги рестартира овие два рудника.
– Двата рудника ќе бидат рестартирани и ќе има најмалку 400 вработувања. Целта е да се вратат сите рудари на своите работни места. Новиот инвеститор тоа го вети и кажа дека дури и оние рудари кои заминале надвор од државата ќе се обиде да ги врати назад со добра понуда на плата. Тоа е одлично затоа што се градови каде што рудниците имаат значајно влијание врз економското живеење, рече Груевски.
Сериозниот пристап на новиот инвеститор, како што посочи, се гледа и во тоа што тој им ги исплатил заостанатите плати на рударите.
Според Груевски, значајно за економскиот развој на државата и на општина Валандово е и денешното поставување на камен темелник на рударскиот комплекс за производство на катоден бакар Казандол каде се очекуваат 100 директни и околу 150 индиректни вработувања. Новиот рударски комплекс, како што посочи, ќе придонесе за отворање нови работни места, намалување на невработеноста, а ќе има влијание и врз економскиот раст и врз растот на извозот.
Најави дека за околу две години, како што му било укажано во разговорот со инвеститорот, ќе започне изградбата на рудникот во Петрошница во Старо Нагоричане каде се планира да бидат вложени околу 300 милиони евра и да се отворат нови работни места, а паралелно со тоа се очекува до рудникот во Казандол да биде изграден уште еден којшто ќе му го продолжи векот на рудникот во Казандол.
– Инвеститорот е многу задоволен од она што беше направено од страна на државните институции. За две години ги извадил сите потребни дозволи и кога им кажувал на своите пријатели дека за толку кратко време успеал да ги извади потребните документи, многумина од нив не му верувале затоа што вообичаено за отворање ваков тип на капацитети постапките се подолги, посочи Груевски.Одговарајќи на новинарско прашање за рестартирањето на овие два рудника, Груевски оцени дека рудниците биле во многу лоша состојба поради финансиск