Најмалку 42 загинати во пожар во бегалски камп во Тајланд

Најмалку 42 лица загинале, а десетици се повредени во пожар кој избувнал во мијанмарски бегалски камп во северен Тајланд, објавија во саботата официјални извори.

 Гувернерот на провинцијата Мае Хонг Сон, изјавил дека билансот на жртвите може да биде и поголем. Според него, во пожарот што избувнал во петокот, повеќето од загинатите се жени, старци и деца, а стотици објекти за привремено сместување на бегалците се уништени.
Пожарот се случил во кампот Мае Сурин, во кој се сместени 3.700 бегалци во провинцијата Мае Хонг Сон, а се претпоставува дека го предизвикал пламен во кујна.
Во Тајланд по должината на границата со Мијанмар подигнати се десетици бегалски логори во кои се сместени бегалци кои ги напуштиле своите домови пред борбите во нивната земја меѓу војската и бутновничките етнички малцински групи кои траат последните децении.
Овие логори само декларативно се привремени, бидејќи се подигнати во средината на 1980-те, и во нив според последните податоци се сместени околу 130 илјади бегалци, од кои 80 илјади имаа и официјално бегалски статус. Повеќето од бегалците се припадници на каренското национално малцинство.
По падот на хунтата во Мијанмар во март 2011 година и доаѓањето на реформската влада, Тајланд обајви дека сака да ги затвори камповите кога ситуацијата од другата страна на границата ќе стане стабилна и безбедна. Од тогаш мијанмарските власти потпишаа примирје со бунтовничките малцински групи, вклучувајќи го и Каренскиот национален сојуз, со кој борбите траат со децении, меѓутоа бегалците сѐ уште не се враќаат во своите домови.
Макфакс
Најмалку 42 лица загинале, а десетици се повредени во пожар кој избувнал во мијанмарски бегалски камп во северен Тајла

Пронајдете не на следниве мрежи: