Пет лица загинаа, а уште 85 се повредени во разни несреќи и инциденти предизвикани од моќниот тајфун Лан кој во неделата ја зафати Јапонија, објави денеска телевизијата NHK.Маж на возраст од 63 години загинал во градот Фукуока кога поради силниот ветер се урнало скеле на градилиште. Во Јамагучи е најдено телото на 70-годишен маж кој исчезнал откако јавил дека неговиот чун има проблеми со моторот. Во градот Кисивада, се удавила жена чијшто автомобил дождовите го понеле во реката. Останатите се жртви на лизгање на земјиште и поплави во различни делови од земјата. Настраданите претежно се здобиле со повреди од паднати рекламни билборди или откинати гранки од дрвја.
Повеќе од 81.000 жители на Фукушима во североисточниот дел на Хоншу добија наредба за итна евакуација, поради заканите од поплави предизвикани од обилните дождови. Локалната администрација на својата интернет страница и преку системот за известување преку операторите на мобилната телефонија го повикува населението во екстремни случаи да излезе на покривите од своите домови и да очекува помош. Спасувачките тимови со чамци се испраќаат во поплавените области. Во некои случаи, луѓето од покривите на куќите се евакуирани со хеликоптери.
Јапонската метеоролошка служба, исто така, наведува дека тајфунот во источна Јапонија може да подигне бранови со височина и до 13 метри. Се предупредува на поплави, лизгање на земјиштето, високи бранови, силен ветер и обилни дождови и на пошироката јапонска територија.
Маж на возраст од 63 години загинал во градот Фукуока кога поради силниот ветер се урнало скеле на градилиште. Во Јамагучи е најдено телото на 70-г