Најмалку 53 загинати и над 200 ранети во терористички напад во Дамаск

Бројот загинати во експлозијата на автомобил бомба во близина на владејачката партија Баас во сириската престолнина Дамаск во четвртокот претпладне достигна 53 а ранети се повеќе до 237 лица, главно цивили, по што врз штабот на сириската армија биле истрелани две гранатиДржавната новинска агенција SANA објави дека загинати се 53 лица, а  235 се ранети, повикувајќи се на министерството за здравство, истакнувајќи дека овие бројки може да се  зголемат, поради тоа што повеќе од повредените се наоѓаат во критична состојба.Министерот за здравство, д-р Саад ал-Најеф, изјави за медиумите додека ги обиколувал болниците во Дамаск во кои се згрижени повредените од експлозијата, дека „терористичкиот бомбашки напад ја одразува злосторничката природа на напаѓачите“, додавајќи дека министерството ги вложува сите напори да ги згрижи повредените лица.Во сириската престолнина жителите во изјави за државните медиуми жестоко го осудуваат овој „терористички напад“, истакнувајќи дека „извршителите имаат цел да ја дестабилизираат Сирија преку убивањето невини жени, деца и старци“.Репортерот на агенцијата SANA потенцира дека нападот се случил во густо населена област во близина на крстосница на главните улици во сириската престолнина, при што се убиени и повредени голем број цивили, вклучувајќи и деца.Тој во извештајот додава дека голема материјална штета е причинета врз цивилни објекти во областа околу бомбашкиот напад, истакнувајќи дека жртвите се претежно минувачи, ученици и возачи на автомобили.Според SANA големи оштетувања од експлозијата се предизвикани на болницата ал-Хајат и локалното училиште Абдула бин ал-Зубир, а најтешко настрадале од возилата два минибуса кои стоеле на автобуска станица во близината на нападот.Агенцијата јавува дека во близина на нападот бил откриен уште еден автомобил подготвен за експлозија. Во близина на самоубиствениот бомбашки напад, на улицата ал-Тавра бил откриен автомобил во кој имало голем цилиндричен сад, најверојатно бојлер за бања, исполнет со експлозив. Возачот на автомобилот бил уапсен, додава SANAЕксплозијата се случи околу 10 часот претпладне по локално време, во времето на најголемиот сообраќаен шпиц во трговскиот кварт Мазри, кога бомбаш самоубиец активирал експлозивна направа во неговиот автомобил кој го паркирал пред барикадата од бетонски блокови пред седиштето на владејачката партија Баас, од која доаѓа сирискиот претседател Башар ал-Асад, којашто на власт во земјата веќе половина година.Партијата беше впишана во сирискиот устав како државотворна но тој статус го загуби кон крајот на 2011 година, кога по првичните протести и немири во Сирија поттикнати од ткн Арапска пролет, претседателот ал-Асад направи корекции во уставот на земјата со коишто сметаше дека ќе го амортизира бунтот кој не запира 24 месеци, и кој се претвори во секташка граѓанска војна во којашто според Обединетите нации досега загинале 70 илјади луѓе.На телевизиските снимки се гледаат уништени и автомобили во пламен, густ црн чад, раскрвавени трупови на улиците и оштетени згради.И официјалната сириска државна телевизија и Сириската опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон. Телевизијата извести за 35 загинати и 237 ранети, додека SOHR која се потпира на извештаи од свои активисти на теренот и болнички извори наведува за „најмалку 31 загинат “, како и дека жртвите се претежно цивили.Според SOHR уште две автомобили бомби експлодирале во близината на две канцеларии на безбедносните служби во квартот Барез во северниот дел од Дамаск.Во Дамаск и досега беа извршувани вакви самоубиствени бомбашки напади во кои загинаа стотици жители на сириската престолнина. Одговорноста за некои од нив ги преземаа опозициските исламистичките сунитски бунтовнички групации.Три часа по овој напад, повторно сакајќи да предизвикаат жестока реакција на режимот, биле истрелани две минофрлачки гранати врз седиштето на Генералштабот на сириската армија во квартот Омејди, исто така, во центарот на Дамаск.
МакфаксБројот загинати во експлозијата на автомобил бомба во близина на владејачката партија Баас во сириската престолнина Да

Пронајдете не на следниве мрежи: