Бројот на жртвите од нападот во Лас Вегас се зголеми на 59, а 527 се повредени, изјави шерифот на локалната полиција Џозеф Ломбардо.Тој додаде дека истражителите пронашле 18 парчиња огнено оружје, експлозив и неколку илјади куршуми во домот на Стивен Педок во Месквит во Невада.
Нападот се случи за време на фестивалот на кантри музика „Рут 91 харвест“ во Лас Вегас. Во хотелската соба на 32 кат, од каде пукаше Педок пронајдени се десетина парчиња оружје.
Педок (64) се самоуби пред полицијата да упадне во хотелската соба.
Полицијата тврди дека пензионираниот сметководител Педок немал полициско досие и нема докази за негова поврзаност со исламистичките терористи и покрај тоа што Исламска држава презеде одговорност за масакрот. ИД тврди дека Педок пред неколку месеци преминал во Ислам.
Полицијата оценува дека се работи за индивидуален напад така наречен „осамен волк“.
Ерик Педок, брат на напаѓачот претходно изјави дека Стивен бил мултимилионер кој сакал да се коцка. Тој многу пари заработил со вложување во недвижнини,
Ерик Педок изјави дека не знае дали неговиот брат имал финансиски потешкотии и покрај тоа што многу пари трошел во казината,
– Одеше на крстарење и се коцкаше, посочи Ерик Педок, додавајќи оти неговиот брат никогаш не бил насилен.
Тој тврди и дека Стивен не бил заинтересиран ниту за религија ниту за политика,
Претходно американските медиуми објавија дека таткото на напаѓачот од Лас Вегас, Стивен Педок бил еден од најбараните криминалци на листата на ФБИ откако побегнал од федералниот затвор во Тексас во 1968 година.
Бенџамин Хоскинс Педок, кој почина во 1998 година, бил ограбувач на банки, кој се обидел со автомобил да прегази агент на ФБИ во Лас Вегас во 1960 година.
Нападот во Лас Вегас е најсмртонсен е најсмртоносен напад во САД во последните 25 години. Претходно, најсмртоносен напад беше тој што се случи на 12 јуни 2016 година во геј клуб во Орландо, при што загинаа 49 лица.Тој додаде дека истражителите пронашле 18 парчиња огнено оружје, експлозив и неколку илјади куршуми во домот на Стивен Педок во Месквит во Невада.