Бројката загинати во експлозија во предградието на пакистанскиот град Квета се зголеми на 79 лица и 200 повредени, пренесува Agence France-Presse, повикувајќи се на извори во полицијата.
Напаѓачите активирале импровизирана експлозивна направа со далечинско управување во селото Хазар во близина Квета, главниот град на поркаина Балучистан, а загиантите се приапдници на шиитската заедница, која традиционално е малцинство во Пакистан.
Во почетокот на јануари, имаше сличен двоен напад во Квета, кога загинаа 92 лица, а повеќе од 120 беа повредени. Потоа, локалните шиити на улиците во центарот на градот ги изложија ковчезите со мртвите и организраа тридневни протести, барајќи од властите да ги заштити од нападите на бунтовниците.
Локалните функционери потврдиле дека повеќето од загинатите се припадници на шиитските муслимани коишто често се цел на напади на сунитските милитантни групации.
Одговорноста за нападот од саботата ја презема пакистанската милитантна група Лашкар-е Џангви (Lashkar-e-Jhangvi – LeЈ) за која пакистанските разузнавачи велат дека станала голема безбедносна закана.
Инспектор „Експлозијата ја предизвикала импровизирана експлозивна направа прицврстена за мотоцикл“, изјавил Вазир Кан Насир, заменик на главниот инспектор на полицијата во Квета, според кој ранети се 130 лица.
„Ова претставува продолжување на тероризмот насочен против шиитите“, нагласил Насир.
Повеќе од 400 шиити се убиени во Пакистан во текот на минатата 2012 година, а многу од нив се убиен од страна на професионални убијци или загинале од бомби, а сторителите речиси никогаш не се откриени или уапсени.
Портпаролот на LeJ ја презема одговорноста за нападот во саботата кој бил изведен во дел од местото во кое има пазар, училиште и компјутерски центар. Изгорени училишни торби и книги имало насекаде, велат очевидци
„Видов многу тела на жени и деца. Најмалку десет луѓе изгореа во експлозијата“, изјавил за агенцијата очевидец во градската болница.
Портпаролот на LeJ исто така рекол дека ова движење го извело и бомбашкиот напад во Квета во кој беа убиени во јануари најмалку 100 луѓе кој беше еден од најлошите секташки напади.
Повеќето западни разузнавачки служби сметаа дека пакистанските талибани и тамошните ќелии на глобалната мрежа Ал Каеда се најголемата закана за нуклеарниот потенцијал на Пакистан, кој е стратешки партнер на САД во регионот.
Пакистанските разузнавачи, пак, сметаат дека LeJ поста моќна сила, изведувајќи напади во неколку делови земји во настојувањето да ја поттикне секташката војна, создавајќи хаос и воспоставување сунитска теокрација.
МакфаксБројката загинати во експлозија во предградието на пакистанскиот град Квета се зголеми на 79 лица и 200 повредени, пре