Најмалку пет лица загинале а 12 се повредени од вкупно 45 патници и членови на екипажот во авионот од типот „Ан-24“ на украинската авиокомпанија „Јужни авиолинии“ кој се преврти и се распадна на делови при принудното слетување на аеродромот во источниот град Донецк.
Трубопропелерскиот авион „Антонов – 24“ бил на чартер лет од црноморскиот пристанишен град Одеса за градот Донец, а повеќето патници биле навивачи кои патувале на мечот меѓу Шахтјор и Борусија Дортмунд во осминафиналето на Лигата на шампионите. Почетокот на мечот кој заврши со резултат 2:2 беше одбележан со минута молк во чест на загинатите во несреќата.
Порталот од Одеса Думская.net објави дека меѓу патниците имало многу познати бизнисмени и политичари од Одеса, како и неколку претставници на судските власти.
Украинското министерство за вонредни ситуација објави дека авионот ја промашил пистата на аеродромот во Донецк, на која според очевидци била падната густа магла во време на несреќата. Авионот се превртел, се запалил и се распаднал, пренесува РИА Новости.
Андриј Шишатски, началник на регионалната управа на Донецк изјавил дека повеќето патници се спасени, а едно лице се води како исчезнат. Изворот од аеродромот што го цитира друга руска агенција Интерфакс рекол дека исчезната е стјуардесата која била во задниот дел од воздухопловот.
Засега не е познато зошто авионот бил принуден на итно слетување, а еден од преживеаните изјавил дека во леталото избил пожар кој бил ставен под контрола.
Авионот „AN-24“ е патнички авиони со капацитет од вкупно 50 патници, кој се користи за линии со краток и среден долет, придвижуван од два турбопропелерски мотори. Создаден е во заводите „Антонов“ а првиот лет го имал на 20-ти октомври 1959 година. Во 1961 година воздухопловот ги минал фабричките и државните тестирања. Во септември 1962 година, бил изведен првиот технички лет со патници, а првиот комерцијален лет го имал на 31-ви октомври 1962 година кога почнала неговата експлоатација на линијата Киев – Керсон.
МакфаксНајмалку пет лица загинале а 12 се повредени од вкупно 45 патници и членови на екипажот во авионот од типот „Ан-24“ на укр