Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ вечерва во Велес организира најголем мирен протест досега.Маршот, вообичаено, почна пред споменикот на Панко Брашнаров во Новиот дел на Велес од каде продолжи по главната улица, до центарот на градот.
Учесниците со развиорени македонски знамиња и црвено-жолти симболи на државноста мирно и достоинствено ја искажааа својата решеност, како што рекоа, да истраат во напорите за зачувување на унитарноста на Македонија, во одбрана на Уставот, името, грбот и знамето.
Пред присутните се обрати Менче Андреевска, македонист и подржувач на иницијативата „За заедничка Македонија. Потенцира дека тие како просветари и пред се македонисти кои на младите им го предаваат во училиштата македонскиот јазик, нема да дозволат македонскиот јазик да биде втор официјален во земјава.
– Ова е Македонија и македонскиот јазик бил и ќе биде единствен официјален јазик во Македонија, потенцира Андреевска.Маршот, вообичаено, почна пред споменикот на Панко Брашнаров во Новиот дел на Велес од каде продолжи по