Агенцијата за млади и спорт организираше прием за боречките надежи кои се вратија од Балканското првенство во борење во Турција.– Ги пречекуваме нашите јуниори кои се враќаат од Балканското првенство во борење кое се одржа во Бурса, Република Турција. Имено, нашите најмлади борачи се враќаат со освоени 3 медали, две сребрени медали и еден бронзен медал. Упатувам честитки до добитниците на медалите, но и до сите учесници кои ја претставуваа Македонија на овој шампионат. Исто така, во Словенија на Балканско Првенство заминуваат нашите пионери и кадети во борење. Агенцијата за млади и спорт целосно ги поддржува овие настани, од финансиски аспект и нашата намера е и во иднина да инвестираме во овој спорт во кој имаме значајни успеси. Уште еднаш, сакам да им честитам на нашите јуниори во борење, а на пионерите и кадетите да им посакам среќа и успех во Словенија, изјави директорот на АМС, Каевски.
Претседателот на Боречката федерација на Македонија, Бетим Вренези, изрази големо задовоство од неодамна завршеното Балканско првенство и од освоените медали, од кои два сребрени и еден бронзен. –
-Елмедин Сејфулау, еден од најголемите боречки надежи во Македонија и Емир Реџепи освоија сребро, додека пак Рамадан Мустафовски се закити со бронзен медал. Успехот е далеку поголем ако се земе фактот дека конкуренцијата беше огромна, особено ако треба да се победат спортисти од земјите каде борењето е традиција, како Турција, Бугарија, Романија. На Балканското првенство кое од 03-05.11 ќе се одржи во Словенија, македонската репрезентација ќе настапи со 17 натпреварувачи од кои две девојчиња, а од ова натпреварување се очекува уште поголем успех, изјави Вренези.– Ги пречекуваме нашите јуниори кои се враќаат од Балканското првенство во борење кое се одржа во Бурса, Република Турција. Имено, нашите нај
Пронајдете не на следниве мрежи: