Најмладите ги откриваат тајните на магијата и илузијата во уникатната магична школа во Скопје Сити Мол

Можноста да се сподели слободното време заедно со родителите и децата претставува реткост во денешниот динамичен и иновативен живот. Откривањето на тајните на магијата и илузијата претставуваат огромна желба и задоволство како за најмалите така и за родителите. За прв пат во Македонија се организира Magic World во Скопје Сити Мол којшто трае од 20-ти мај до 11-ти јуни, каде што се извршуваат разновидни активности што се интересни и магични за детските очи. Насмевките кај децата се едни од најскапоцените богатства што може да се стекнат и воедно нивната среќа прераснува во среќа и на самите родители. Школата им овозможува на децата и на родителите заедно да ги учат тајните на магијата и илузијата со познатиот магионичар во Македонија, Кристијан Шопов.Оваа школа придонесе до огромен интерес како кај најмалите така и кај родителите кои уживаат гледајќи ги своите деца како ги остваруваат своите сонови учејќи интересни магионичарски трикови. Магичната школа помага во остварување на детскиот сон, во реализирање на неверојатна забава за целото семејство на исто место и на ист начин и во доближување на волшебниот свет на магии и илузии во сегашниот реален живот на семејствата. Оваа магична школа се карактеризира со огромна посетеност досега и доколку сакате и Вие да бидете дел од досегашната магична еуфорија можете да учествувате во активностите секојa сабота и недела со следниве термини: 13:00-14:00, 14:00-15:00, 19:00-20:00 и 20:00-21:00 часот во Скопје Сити Мол.Оваа школа придонесе до огромен интерес како кај најмалите така и кај родителите кои уживаат гледајќи ги своите деца како ги остваруваат своите сон

Пронајдете не на следниве мрежи: