Студијата што ја спроведе Универзитетот во Калифорнија покажа дека најмногу луѓе во САД умираат во текот на двете недели околу Божик и Нова година.Конечните резултати од истражувањето покажале дека најголем број луѓе умираат со природна смрт на 1 јануари, и тоа за 5 отсто повеќе отколку во другите денови.
Научниците до овој податок дошле проучувајќи ги посмртниците на Американците издадени во последните 25 години.
Веќе е добро познато дека за време на празниците расте бројот на самоубиства и бројни видови несреќи, но стручњаците никогаш досега не истражувале колку луѓе умираат со природна смрт.
Сепак, сè уште не се знае која е причината за оваа појава.
– Тешко е да се разбере зошто тоа се случува. Меѓутоа, не е само тоа мистерија – чудно е како никој досега не се позанимавал со ова прашање – изјавил Дејвид Филипс, еден од авторите на студијата за „Вашингтон пост“.Конечните резултати од истражувањето покажале дека најголем број луѓе умираат со природна смрт на 1 јануари, и тоа за 5 отсто повеќе отколку во дру