Rolls-Royce со гордост го претстави својот најнов модел Wraith, најмоќниот и најдинамичниот автомобил произведен од оваа компанија.
Овој модел е препознатлив по својот луксуз, префинетост и рачната изработка но, се разликува од останатите по својата моќ и стил. Тоа што го прави единствен се однесува на неговиот дизајн. Моќните линии и задното стакло под агол му даваат нота на врвен спортист. Неговата маска и широкиот заден дел додатно го појачуваат динамичниот стил на овој автомобил.
Кога станува збор за моќноста, за тоа е задолжен V12 мотор, во комбинација со осмостепен автоматски менувач. Овој автомобил на располагање има 624 КС, кои му овозможуваат до „стотка“ да развие за само 4,6 секунди.
Што се однесува до цената, овој модел на европскиот пазар ќе се продава за 250.000 евра, додека пак цената за додатните детали ќе биде позната во текот на годината.Rolls-Royce со гордост го претстави својот најнов модел Wraith, најмоќниот и најдинамичниот автомобил произведен од ов
Пронајдете не на следниве мрежи: