Најнискиот пар на светот влезе во Гинисовата книга на рекорди

Брачниот пар Пауло Габриел да Силва Барос (31) и Катјуција Ли Хошино (21) се запишани во Гинисовата книга на рекорди како најнизок брачен пар на светот.Пауло е „висок“ 90,28 центиметри, Катјуција 91,13 центиметри, а заедно се високи 181, 41 центиметар. Парот се запознал во 2006-тата година, а се венчаа овој месец.
Пауло, државен службеник во локалната самоуправа и Катјуција, сопственичка на козметички салон, велат дека секојдневно го привлекуваат вниманието на минувачите со својата висина, но, дека љубовта што ја чувствуваат еден за друг им дава сила.
Пауло не можел сам да се движи до својата 21-ва година, па користел трицикл, а во 2008 година проодел со помош на вградување на ортопедски чизми. Денес вози посебно дизајниран автомобил, а во својоткрај е познат како „Паулињо гиганте“.
„Среќни сме што влеговме во Гинисовата книга на рекорди. Веруваме дека вака можеме да ги охрабриме луѓето да не ги гледаат физичките разлики во другите и да знаат дека сите би требало да се третираат еднакво. Ниски сме, но имаме големи срца со доволно љубов за сите. Пред нас се предизвици, и заедно ќе ги решаваме“, изјави Пауло.Пауло е „висок“ 90,28 центиметри, Катјуција 91,13 центиметри, а заедно се високи 181, 41 центиметар. Парот се запознал во 2006-тата год

Пронајдете не на следниве мрежи: