Клучниот доказ за умислата е писмото на ССМ и Претседателот Митревски кој уште во февруари месец оваа година со писмо бр.0302-63/1 од 12.2.2016 година каде ја известува Техничката Министерка Ременски дека ССМ има индиции дека до Министерството може да пристигнат одредени фалсификувани документи и Одлуки кои се фалсификувани од страна на ненадлежни Органи и тела на ССМ, посочуваат од ССМ.Техничката Министерка Фросина Ташевска Ременски во обид да се извлече од невидениот скандал каде од партиски позиции во содејство со четирите опозиционо настроени Претседатели на Грански синдикати преку соопштение прави обид да се извлече од овој скандал. Преку соопштението за јавноста во кое бледо укажува на Законските и Уставните решенија за синдикатите што сите работници и студенти од 1 година на факултет го знаат прави обид да се дистанцира од насилниот и невиден анти демократски и анти синдикален чин да изврши насилна и незнаконска промена во регистарот врз основа на фалсификувана исправа во договор со четворицата сопартиски настроени „синдикалци“ насилно да го срушат раководството на ССМ и Претседателот д-р Живко Митревски, реагираат од ССМ.
Во продолжение ви го пренесуваме во целост соопштението:
Напоменуваме дека нема ништо Законско што применила во Решението, истото го изработила врз основа на фалсификат, а срамно е што МТСП е доведено во ситуација да тврди дека се е по Закон од нивна страна реализирано кога има низа Законски прекршувања при обидот за незаконската, нелегитимна и нелегална промена во ССМ.
МТСП со Техничката Министерка за труд Фросина Ташевска Ременски лаже и манипулира , и во ова соопштение со цел да го прикрие прекршувањето на низа закони како на пример по член 393 за договор за извршување на Кривично дело, по член 394 за злосторничко здружување и по член 353 за злоупотреба на службена положба и овластување за кои за сите дела се предвидува казна затвор од 1 до 10 години.
За јавноста го обнародуваме КЛУЧНИОТ ДОКАЗ кој зборува за умислата на Техничката Министерка да ја злоупотреби својата службена положба во договор со четворицата Претседатели и така наречениот Претседавач на непостоечкиот Совет свикан без членови на Советот на ССМ, без постапка, без знаење на останатите 13 Грански синдикати.
КЛУЧНИОТ ДОКАЗ за умислата е писмото на ССМ и Претседателот Митревски кој уште во февруари месец оваа година со писмо бр.0302-63/1 од 12.2.2016 година каде ја известува Техничката Министерка Ременски дека ССМ има индиции дека до Министерството може да пристигнат одредени фалсификувани документи и Одлуки кои се фалсификувани од страна на ненадлежни Органи и тела на ССМ.
Во писмото натаму се информира Министерката дека само официјалните документи кои се испраќаат од страна на надлежен орган на ССМ и надлежната архива на ССМ потпишани од страна на Претседателот на ССМ како овластено лице за претставување иу застапување на ССМ се официјални, а сите други треба да бидат отфрлени.
Иронијата да биде поголема Техничката Министерка Ременски дури била и предупредена од ССМ и Претседателот Митревски дека доколку пристигнат вакви документи согласно Закон треба да се известат органите во Министерството за внатрешни работи и правосудните органи.
Ова е еден крунски доказ кој докажува дека Техничката Министерка Ременски била предупредена и свесно сепак со умисла без да ги информира МВР и правосудните органи и ССМ изготвила Решение вршејќи неколку Кривични дела по член 393 за договор за извршување на Кривично дело, по член 394 за злосторничко здружување и по член 353 за злоупотреба на службена положба и овластување за кои за сите дела се предвидува казна затвор од 1 до 10 години.
И овој факт и клучен доказ зборува дека не само што МТСП и Ременски не може да се дистанцираат од овој скандал туку напротив влегува уште повеќе во вршење на други Кривични дела.
Обидот да се испере од овој срам и скандал, Ременски го продолжува со уште поголем срам во писмото давајќи квалификации за активности на синдикатот и поврзаност со партии што е апсолутно недозволиво и преседан насочен против автономноста на синдикалното дејствување.
Обидот за насилен пуч и незаконска смена без никаков срам, Ременски се обидува да го спроведе како се наведува во реакцијата од МТСП со притисок и врз Централниот регистар со закани кон вработените.
Впрочем ваквиот стил на работење на Ременски со притисок од партиски позиции беше реализиран и врз Здружението на слепи лица и врз други категории и најново врз вработените од градинките со обид за суспендирање на правата утврдени со Колективен договор за што посочи и најголемиот синдикат СОНК.
Најновиот доказ клучен по својот карактер јасно ја разобличува позадината на обидот за пуч во ССМ од партиски позиции и незаконска смена на Претседателот на ССМ и Секретарот на Советот на ССМ.
Очигледно ова сценарио подолго време се спремало во партиските кујни во содејство со 5 лица, партиски подржувачи на политиката на Ременски.
За среќа на синдикалното движење во РМ ваквиот обид е спречен од органите на прогонот и скандалозното Решение на техничката Министерка Ременски е стопирано по налог на Јавното обвинителство поради очигледниот фалсификат направен на обичен бел лист хартија.
Посочениот нов доказ за предупредувањето до техничката Министерка фрла дополнително ново светло за обидот за реализирање на пуч и насилна смена.
Единствено што останува во случајот од морални причини е Техничката Министерка Ременски е да го повлече Решението, да си даде итна и неотповиклива оставка како и останатите претседатели на Гранските синдикати, а правосудните органи да си ја завршат својата работа, а инволвираните да ги изнесат пред лицето на правдата.
Г- ѓо Министерке на крај Ви ја упатуваме пораката дека од правдата и вистината нема бегање.Техничката Министерка Фросина Ташевска Ременски во обид да се извлече од невидениот скандал каде од партиски позиции во содејство со че