Најнов тренд: Неми состаноци на слепо

Една компанија која се бави со запознавање на луѓе заради потенцијална романса, смислила нов начин како двајца да се „препознаат“ како партнери. Тие организираат средби на мажи и жени кои не се познаваат, а на тие двочасовни состаноци не се изговара ниеден збор.Учесниците гестикулираат,испуштаат звуци и се гледаат еден со друг, а организаторот за тоа им наплаќа по 20 долари.
Пред да седнат на маса нема љубезен муабет, после состанокот нема поздрав и буквално целата вечер поминува во молк.
-Луѓето имаат обичај да го користат алкохолот и муабетот за да избегнат да се видат еден со друг, или да се покажат во право светло. Кога не мора да зборувате со некого имате прилика со таа личност да се поврзете на многу подлабоко ниво. Тоа е многу интимно – објаснува организаторот на овие состаноци Адам Тафлер.
Тафлер има причина да верува во ова ново движење, бидејќи својата девојка ја запознал токму на една ваква средба.
Извор: lady.mkУчесниците гестикулираат,испуштаат звуци и се гледаат еден со друг, а организаторот за тоа им наплаќа по 20 долар

Пронајдете не на следниве мрежи: